Бикини сезона: Ова истражување открива што создава најголем притисок кај жените кога станува збор за нивните тела

Најважно е како се чувствувате

Околу 50 проценти од жените го мразат изгледот на нивните стомаци, додека за 29 проценти од жените, најкритична област се бутовите. Повеќето жени само се посветуваат на вежбање во пролетните месеци за да имаат поголема самодоверба на плажа, а 47 проценти од нив признаваат дека прават стомачни и други вежби за половината.

Притисокот на слабеење пред летото го чувствуваат 82 проценти од жените, а 68 проценти од нив би се откажале од секс за еден месец, па дури и повеќе ако за возврат добиле совршено тело, открила студија од магазинот „Шејп“.

Благодарение на популарноста на социјалните мрежи и зголемувањето на објавувањето фотографии од плажа, жените се плашат дека нивните „несовршености“ ќе бидат видливи за јавноста. Околу 90 проценти од жените велат дека никогаш не би „лајкнале“ фотографија од себеси во бикини, а 44 проценти од нив би побарале од пријател да избрише слика од нив во костум за капење, или барем да побараат да бидат отстранети од фотографијата.

Половина од жените велат дека се чувствуваат најудобно во костимот за капење во друштво на своите пријатели или партнери, 18% од нив исто така се чувствуваат добро во друштво на машки пријатели. Помалку од 10 проценти од жените се чувствуваат привлечно во костим за капење ако се меѓу непознати луѓе.

Губење на тежина пред летото

Околу 60% од жените редовно започнуваат диета пред летото, 53% од нив не забораваат да сметаат калории, а 22% од нив се откажуваат од јаглехидрати, покажа истражувањето.

Во денешната култура која слави физичко совршенство, популарно е мислењето дека само мускулите, тонирани и тела без влакна можат да изгледаат добро во костум за капење, и тоа предизвикува комплекси кај многу жени, според психолозите.

Никогаш не заборавајте дека најважно е физичкото и менталното здравје.

Прочитајте и: Откријте како да го изберете најдобриот тренинг според формата на вашето тело

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.