Откријте како да го изберете најдобриот тренинг според формата на вашето тело

За подобри резултати

Можеби сте додале неколку вишок килограми за време на изолацијата и сега е важно за вас што побргу да се вратите во форма и да заблескате на плажа. Свесни сте дека е важно да се обрнете внимание на исхранта, но и да се зголеми физичката активност.

Според фитнес-експерт Џена Ригби, побрзо ќе ја достигнете целта ако одберете тип на вежба што е најефикасна за формата на вашето тело. На овој начин, всушност ќе ги таргетирате областите на кои е најважно да се фокусирате.

„Нашите тела се со различни големини и форми и важно е да разбереме што ни одговара. Имајте на ум дека целта на вежбањето е да согорите маснотии и да градите мускули. Вежбите ќе влијаат на изгледот на вашето тело, но можно е неговата форма да не се промени“, објасни таа, откривајќи какви видови вежби препорачува во зависност од формата на вашето тело.

Банана

Оваа форма се карактеризира со приближно исти димензии на градите, половината и колковите. Жените со ваква форма на телото сакаат облини што тие природно ги немаат.

„Ако имате форма на банана и сакате поистакнат задник, правете чучњеви. Вежби како што се „мртво кревање” и кревање тегови исто така ќе помогнат“, советува Џена.

Круша

Ова е најчестата форма на женското тело. Рамената и градите се потесни од колковите.

„За жените со ваков облик на тело, важно е да се фокусираат на повеќе тврдоглави делови од телото, така што „HIIT” тренингот е најефикасен“, вели обучувачот.

Јаболко

Оваа форма на телото се карактеризира со половина поширокa од рамената и колковите. Многу е важно да се фокусираме на држење на телото.

„Обидете се да ги зајакнете градите и грбот за да го подобрите држењето на телото. Мојата омилена вежба е склекови“, додава Џена.

Песочен часовник

Ким Кардашијан Вест може да се пофали со оваа форма на тело и мажите, наводно, ја сметаат за најатрактивна. Сепак, има жени кои би сакале да ги стопат колковите, а за тоа кардиото ќе биде најкорисно.

„Најбрзиот начин да согорите маснотии е кардио тренинг, а потоа да преминете на кружен тренинг, кросфит или танцување“, истакнува Џена.

Форма на дијамант

Ако колковите ви се пошироки од рамената и имате тесна биста, вие припаѓате на оваа група. Исто така, жените со ваква форма на телото може да имаат посилни нозе.

За подобра дефиниција, Џена советува да работите на нозете, за што најдобро е трчањето и одењето по угорницата. Можете исто така да изберете „HIIT” или велосипедизам.

Атлетска градба

Вие сте природно мускулести, но немате облини? Рамената и колковите се со иста ширина, а половината не е истакната? Вие сте еден од атлетските типови на кои Џена им советува тренинг со тежина.

Прочитајте и: Анализа на крвта покажува: 10 минути трчање менува околу 9.815 молекули во нашето тело!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.