„Ова лето е повеќе од значајно“: Сара Јо за своите мејкап-сојузници Catrice Cosmetics

Кога договарате снимање со Сара Јо, сфаќате дека си имате работа со вистински професионалец. Без разлика на уморот поради брзото темпо – таа е одговорна, прецизна, со точна дефиниција на тоа што го сака. Вистинска ѕвезда!

Сара Јовановиќ ужива на врвот на популарноста и во разговорот за „Убавина и здравје“ открива како се справува со негативните коментари, колку ѝ помогнала психотерапијата, зошто им е благодарна на родителите и кои добри особини го красат нејзиниот партнер.

Ова лето е повеќе од значајно (се смее). Од професионална гледна точка, можеби најдоброто досега. Настапите низ регионот, покрај работата во студио, се нешто што најмногу ме исполнува, па лесно можете да го замислите моето ниво на возбуда. Правиме ден-два пауза, но мислам дека вистинскиот одмор ќе дојде дури наесен. Но не се бунам, вакво темпо посакувам две години, откако почна пандемијата, ни вели Сара Јо во интервјуто за августовскиот број на најтиражното списание за жени „Убавина и здравје“.

Земајќи предвид  дека важи за една од најубавите и најнегуваните пејачки во регионот, неизбежно беше да ја прашаме кои се нејзините сојузници во разубавувањето.

Обожавам да користам производи од брендот Catrice, кој го открив во средношколските денови. Како што обично се случува, влегов во аптека и непланирано купив еден куп шминка, меѓу кои беше и течната пудра на Catrice, која подоцна ја користев со години. Со текот на времето, пробав други производи и се заљубив во нивните сенки и кармини.

 

Отсекогаш ме воодушевувало тоа што се достапни и квалитетни, вели популарната пејачка, откривајќи ни го подетално нејзиниот мејкап-избор.

Коректор Liquid CamouflageHigh Coverage нуди долготрајна покриеност до 12 часа, која е толку ефикасна што може да ги покрие дури и тетоважите. Коректорот е високопигментиран, водоотпорен и отпорен на размачкување. Течната текстура не содржи силикони и честички микропластика. (Цена: 229 денари).

Бонус: вклучениот апликатор го олеснува нанесувањето на коректорот, кој е мазен и се сплотува со кожата.

 

Сјај за усни Better Than Fake Lips Volume. Свилесто-меката текстура на сјајот за усни со средна покривност има пополнувачки ефект и ги негува усните со комплексот од путер, веганска замена за колагенот, и Volulip™ by Sederma. (319 денари.)

Совет-плус: пред нанесување на сјајот, контурите на усните потцртајте ги со моливче. Тоа помага да се урамнотежат нерамнините и спречува размачкување на сјајот за усни.

 

Бронзер Sun Lover Glow. Овaa печена бронзер-пудра дава блескав сјај и нежно исончан изглед. Свилесто-меката мермерна текстура со фини пигменти, кои ја рефлектираат светлината, се приспособува на сите тонови на кожата и ја прави пудрата нешто што мора да го поседувате!. (319 денари)

Совет-плус: за исончан глам-ефект, великодушно нанесете го бронзерот на образите и носот. На тој начин вашето лице ќе добие целосно природен свеж изглед.

Маскара MAX IT Volume & Length. Во составот на новата веганска маскара за максимален волумен и должина на влакненцата е карите-путерот, а уникатната четкичка од еластомер има долги и кратки влакненца, кои допираат до секоја трепка. (319 денари)

Совет-плус: за максимален ефект на густина и должина, поставете ја четкичката поблиску до линијата на трепките, а потоа со цик-цак движења водете ја до врвот.

Гел-лак за нокти Iconails. Новата формула на лакот за нокти осигурува совршен гел за сјај и максимална трајност на ноктите – и до седум дена без надлак. Овој лак обезбедува интензивна боја, а збогатен со акаи-масло дава и подобра нега во најдобро издание. Капачето е направено од 90% рециклирана пластика. (179 денари)

Совет-плус: за совршена шминка и интензивно пигментирана текстура, нанесете го двапати на ноктите и ќе го постигнете посакуваниот интензитет на бојата.

 

Палета сенки за очи Pro Hint of Mint Slim. Висококвалитетната палета во хартиената амбалажа ќе ве воодушеви со 14 високопигментирани сенки. Нијансите се идеално усогласени, така што можете да креирате различни стилови благодарение на металик, светлечките и мат-бои. (649 денари)

Бонус: природниот, секојдневен изглед лесно се постигнува, како и елегантната вечерна шминка.

Текст: Убавина и здравје

Фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.