Жељко Митровиќ откри што му подготвува на Бака Прасе, па спомна полови болести и Веља Невоља! (ФОТО)

Следува шоу!

Сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ повторно реагираше на обвинувањата на јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, кој во својот „лајв“ кажал дека Жељко му должи пари.

Жељко на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која се гледа Бака Прасе, а под неа напиша:

„Ова мало го*но и селанче Бака Прасе, кој некогаш ми беше пријател, од етички и морални принципи нема да пишувам за времето кога Бака Прасе го помина во багажник и зошто тоа не го пријави во полиција, нема да пишувам и за неговите познанства и заеднички родендени со Веља Невоља и други припадници на кланот, исто така нема да пишувам зошто намерно и пренесе инфективна мононуклоза на Наталија Ш. преку полов пат, но сакам да дадам изјава на надлежните органи за своите сознанија, ако ме викнат поради оваа објава. Филмот кој вечерва се подготвува за редакцијата на Пинк за Бака Прасе не е по мој налог, тие се потполно анонимна редакција и само ме известија што прават. Let it be (Нека биде така) – напиша Жељко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Mitrovic (@zeljkomitrovic)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.