Забележете ги разликите помеѓу сувата и дехидрирана кожа навреме

Корисни совети

Есента е пред нас и секако ги менува нашите секојдневни рутини за убавина, особено кога станува збор за кожата. Она на што треба да обрнеме посебно внимание е хидратацијата, бидејќи тоа може да биде најчеста причина нашата кожа да стане безживотна. Покрај несоодветната хидратација, навиката за миење со многу топла вода и неправилен пилинг може да доведе и до сува кожа.

Ако не ги земете предвид овие фактори, состојбата на вашата кожа со текот на годините може само да се влоши. Со цел појасно да ви ја претставиме дехидрираната кожа и да ви овозможиме да ги препознаете првите знаци на овој проблем, побаравме стручни дерматолози да го споделат своето искуство со нас.

Разликата помеѓу сувата и дехидрирана кожа

Пред да се справиме со ситуацијата околу дехидрираната кожа, треба да ја утврдиме разликата помеѓу сувата и дехидрираната кожа. Иако можеби ви се чини дека ова е истата состојба, всушност постојат клучни разлики. Сувата кожа се смета за вид на кожа која нема природно производство на масло. Од друга страна, дехидрираната кожа е онаа што се јавува кога телото губи повеќе вода отколку што внесува. За среќа, за разлика од сувата кожа, дехидрираната кожа може лесно да се излечи. Редовно внесување на доволно вода и мали промени во нега на лицето ќе ја разбудат вашата поспана кожа.

Загрозување на заштитната бариера на кожата

Кога кожата е дехидрирана, таа не функционира како што треба. Кожата се бори да произведе доволно себум и потење, што непотребно го оптоварува вашето тело. Затоа, кожата е подложна на надворешно оштетување, што може да биде причина за егзема и псоријаза. Кога бариерата на кожата е оштетена, тоа значи дека кожата се бори уште повеќе да ја задржи потребната влага. Компромитирана бариера не само што го ослабува имунитетот, туку го зголемува нивото на воспаление.

Лицето изгледа бледо и безживотно

Покрај ризикот од инфекција и воспаление поврзано со дехидрирање на кожата, доколку кожата не е доволно хидрирана, може да стане многу бледа, безживотна и непривлечна. Дехидрираната кожа е лесно препознатлива бидејќи делува како некој да ја исцедил секоја капка вода од неа. Често е груба на допир.

Забрзано стареење на кожата и формирање на брчки

Недостаток на влага доведува до предвремено стареење на кожата на лицето. Како резултат, на неа се појавуваат фини линии, а малку подоцна и многу забележливи брчки, против кои е тешко да се бориме. Иако во овие ситуации, доволно внесување вода и навлажнувачки креми нема да ги исчезнат брчките, тие сигурно ќе ја подобрат состојбата на кожата и ќе ја намалат нивната видливост.

Прочитајте и: 3 совети како да ја „нацртате“ совршената линија на очите

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.