Оваа медитација ќе ве направи посреќни и е најдобра за почетници

Видео-водич

Целта на медитацијата е мир на умот и емотивен мир, спокојство и ослободување од негативните мисли.

Иако целта на медитацијата води кон подобар и помирен живот, многу луѓе одбиваат да медитираат затоа што мислат дека не се доволно духовно зрели за активност. Вознемирените луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените мисли, чувствуваат посебен страв. За да се избегне оваа пречка и овој страв, според експертите, најдобро е да се започне со мета-медитација, или медитација на љубов и љубезност.

Придобивките од мета-медитацијата се многубројни, таа е една од најдобрите истражувани и научно документирани методи на духовен и психолошки развој. Мета-медитацијата има за цел да ја разбуди возвишената состојба на свеста преку рафинирање на мислата и изговарање на намери и афирмации. Овој вид медитација го намалува стресот, смирува, ја намалува склоноста кон лутина, тага, фрустрација, конфликт, активира емпатија и емоционална интелигенција, придонесува за подобра концентрација, па дури и го забавува стареењето.

Како да практикувате мета-медитација?

Мета-медитацијата се практикува со седење или лежење во удобна положба, правилно дишење, освестување и опуштање на секој дел од телото и повторување на одредени мантри и намери. На пример, „да бидам среќна“, „да бидам задоволна“, „да ме сакаат“, „да бидам во мир“. После тоа, во вашата глава ќе ја визуелизирате саканата личност и истите намери ќе ги насочите кон неа од срце. Тогаш ќе го сторите истото за луѓето што ги познавате површно и за некој што не го сакате. Ако сте нови во светот на медитацијата, најдобро би било да изберете водени медитации. Подолу ви донесуваме една од овие.

Прочитајте и: Еве зошто не е добро постојано да претпоставувате што мислат другите за вас

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.