Таа е најубавата жена на светот за 2020 година: Има 19 години, отслужува воен рок и сонува да стане актерка!
Ласкава титула
Обожавателите само ѝ делат комплименти и ја споредуваат со легендарните Софија Лорен и Анџелина Џоли
Израелската манекенка Јаел Шелбија (19), која сонува да стане актерка, е прогласена за најубава жена на светот, според мислењето на независните критичари на годишната листа на основачи Ти Си Кандлер, кои веќе 30 години ги одбираат најубавите машки и женски лица за изминатата година.
Убавицата со прекрасни продорни сини очи, покрај тоа што се занимава со моделство, моментално отслужува и воен рок во израелското воздухопловство.
View this post on Instagram
Јавноста дознала за Јаел кога започнала врска со 35-годишниот Брендон Кроф, внук на американскиот могул Сумнер Редстоун, но и поради скандалот кога ги прекршил ковид-ограничувањата за да ја посети својата избраничка во Израел.
View this post on Instagram
Јаел се појавила во бројни рекламни кампањи во својата земја, а на Инстаграм ја следат речиси милион обожаватели ширум светот.
View this post on Instagram
„Никогаш во ништо не сум била прва… Многу е убаво. Им благодарам на сите што гласале. Го ценам тоа со сето срце“, изјавила таа.
Зад себе на листата ги оставила актерките Пријанка Чопра (38), Гал Гадот (35) и Наоми Скот (27).