Сите ги правиме, а не сме ни свесни за тоа: 6 најчести грешки при нанесувањето маскара

Дали ги правите и вие?

Без разлика дали обожавате да се шминкате или не, маскарата е задолжителна

Иако веројатно ја користиме повеќе од кој било друг производ за шминка, можеби ќе се изненадите од тоа колку е лесно да се погреши при нанесувањето маскара. Доколку сакате да постигнете ефект на беспрекорен драматичен поглед, ова се грешките што треба да престанете да ги правите…

1. Премногу пати ја ставате и вадите четката од шишенцето

Знаеме, сакате да го извлечете најдоброто од текстурата, но запомнете – секогаш кога ќе ја ставите четката во шишенцето, излегува сув воздух што ја суши текстурата, а да не ги спомнуваме потенцијалните бактерии.

2. Извлекувате премногу пигмент

Ова е најголемата причина за згрутчување. Извлечете ја четката од шишенцето и нежно завртете ја на врвот, отстранувајќи го вишокот текстура.

3. Не ставате шминка од двете страни на трепките

Повеќето од нас најчесто се шминкаат во внатрешноста на трепките, но ако сакате пополн изглед и потемни трепки, мора да ставите шминка и однадвор. Пробајте и ќе видите огромна разлика.

4. Премногу брзате

Ако потрошите само 30 секунди повеќе при нанесувањето маскара, ќе забележите голема разлика. Продолжете ја рутината за шминкање и трепките ќе ви изгледаат погламурозно.

5. Користите само еден вид маскара

Подолгите, полни и завиткани трепки се вашата цел, нели? Тоа не значи дека ви требаат пет маскари, две ќе бидат доволни! На пример, за првиот слој изберете маскара за волумен, а за вториот, маскара за издолжување на трепките.

6. Користите стара маскара

Ако постојано имате проблеми со натрупување грутки на трепките, тоа значи дека маскарата пресушува пребрзо и дека најверојатно е стара. Правилото вели дека маскарата треба да се заменува на секои три месеци, но и порано ако забележите дека текстурата е сува.

Доколку сметате дека време е да си набавите нова маскара, нема да погрешите со Rimmel Extra 3D Lash!

Дефинирање, издолжување и свиткување на трепките, маскарата Rimmel Extra 3D Lash го постигнува сето тоа. 3D четката ја опфаќа секоја трепка, од внатрешниот до надворешниот агол, додавајќи повеќедимензионален ефект за драматичен поглед.

Обезбедува богат волумен без да формира грутки при нанесувањето. Хидрогел формулата придонесува за формирање ултрамазна фолија на трепките, а пигментите за интензивна црна боја.  Витаминот Е и восоците, пак, ги потхрануваат.

Оваа фантастична маскара можете да ја најдете во парфимериите на „Еликсир Ексклузив“!

Фејсбук: @ElixirExclusive

Инстаграм: @elixirexclusive

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.