Потребни ви се само три производи за убава и здрава кожа

Козметичката индустрија носи нови иновации од ден на ден кога станува збор за нега на кожата и многу е тешко да се остане имун на сите овие нови формули и решенија што ги нудат, но всушност во нашата секојдневна рутина на секој од нас му требаат само неколку основни производи.

– Не комплицирајте, вратете се на основните работи. Премногу формули може да создадат само уште повеќе проблеми, а потоа се случува она што го нарекуваме „синдром на чувствителна кожа“ – коментира д-р Пол Џерод Френк од Њујорк.

Чувајте ја вашата лична рутина „проста“, советува лекарот во својот водич за убавина „Плеј-книга за стареење“. Тој предлага крем со заштитен фактор, со добар чистач за лице и крем за длабока хидратација.

Идејата дека навистина ни треба маса на формули за идеална кожа е честа заблуда. Имено, колку повеќе производи имаме, толку се поголеми нашите шанси да погрешиме.

– Производите за нега на кожата се продаваат од перспектива дека стареењето е лошо, но резултатот од овие лоши маркетинг пораки е дека луѓето мислат дека затоа им требаат повеќе различни креми – истакнува докторот, пишува Форбс.

Без разлика дали станува збор за исхрана, вежбање, креми или нега, животот не мора да биде комплициран за да биде успешен, како што е случајот со ритуалите, потсетува д-р Френк.

Прочитајте и: Совети за убавина: Совршено покривање на темните дамки бара техника и правилни производи

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.