Пет совети за хидрирани и убави усни!

Нежни, сочни и предизвикувачки усни – сите ги сакаме! Не е тешко со овие совети…

Хидратација на усните е особено важна. Покрај во текот на денот (и неколку пати), нанесете мелем пред спиење за да се разбудите наутро со убави и добро негувани усни.

Пред спиење, масирајте ги усните со чиста крпа неколку минути, измијте го лицето, а потоа нанесете тенок слој вазелин или мелем за негување усни што содржи хранливи масла, витамин Е или алое вера.

Не ги лижете усните со вашиот јазик, бидејќи плунката ја суши кожата понатаму.

Немојте да ги излупите или грицкате исушените делови на кожата на усните, затоа што ќе создадете уште поголем проблем, а раните ќе заздрават уште потешко.

Додека усните не се опорават, избегнувајте мат кармин и ако не можете да се откажете, користете навлажнувачи пред да нанесете. За да обезбедите неодолив изглед и свежина, нанесувајте слој мелем над карминот.

Прочитајте и: По кој редослед на лицето се нанесува крема за сончање и хидратантна крема?

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.