Здрава, негувана и блескава коса во секое време: Заштитете ја навреме!

Совршен изглед со совршена коса!

Повторно убаво и топло лето☀️

Сезоната за уживање под сонцето, играње на песокот, водени спортови, е во ек, а сите тие елементи можат брзо да придонесат за сушење и оштетување на косата без оглед на нејзината текстура, особено на косата која е хемиски третирана. Затоа погрижете се, во текот на летото, секојдневно да ѝ ја пружите потребната грижа на косата!

  1. Носете шапка или марама!

Звучи очигледно, но носењето шапка или марама и помага на вашата коса да остане заштитена од оштетувањето предизвикано од директна сончева светлина, штетните УВ зраци и ќе му помогне на вашиот скалп да ја задржи потребната влажност, а ќе ве заштити и од оштетувањата предизвикани од ветер.

  1. Намалете ја употребата на направите за стилизирање на косата

Преку летото, обидете се колку што е можно помалку да користите фенови и направи за стилизирање за да ја сушите косата!

  1. Зајакнете ја косата со Revalid регенеративниот шампон

По долгата изложеност на сонце, темелно измијте ја косата со Revalid шампонот. Регенеративниот протеински шампон од Revalid чисти нежно, но сепак темелно додека ја ревитализира косата.

Хранливите состојки како екстракт од овес, пченични протеини и пантенол (витамин B5) ја зајакнуваат структурата на косата. Алантоинот го смирува скалпот.

  1. Дополнителна нега со Revalid регенеративниот балсам
Revalid® регенеративниот протеински балсам со хранливи состојки како екстракт од овес, пченични протеин и пантенол ја подобрува структурата на вашата коса правејќи ја мека, сјајна и еластична без да тежи надолу. Лесно се чешла. Не содржи парабени и сулфати.

Вратете го сјајот на косата со Revalid протеинскиот балсам. Хранливите состојки, кои ги содржи овој балсам, како екстрактот од овес, пченичните протеин и пантенолот ја подобруваат структурата на косата правејќи ја мека, сјајна и еластична без да тежи надолу. Дополнително, употребата на Revalid балсамот овозможува и лесно расчешлување.

  1. Користете маска за коса
  • Revalid маската за коса е совршен додаток на Revalid шампонот и Revalid балсамот. Таа го комплетира кругот на грижата за косата во текот на летото.  Формулата е збогатена со хранливи состојки како пантенол, алантоин, пченични протеини и екстракт од овес кои навлегуваат длабоко во косата за да ја обноват виталноста на косата одвнатре кон надвор.
Дали знаете дека треба да ја оставите маската да дејствува на вашата коса пет до десет минути пред да ја измиете? Ова и овозможува доволно време на маската да ја направи својата магија🌟
  1. Тоник-ампули за дополнително реактивирање на скалпот

Интензивното сонце може негативно да влијае на фоликулот на влакното. Помогнете и на Вашата коса да ја врати својата цврстина и виталност со помош на Revalid тоник ампулите. Благодарение на енергетската формула која ја содржат, го зајакнуваат и спречуваат стареењето на фоликулот на влакното, го спречуваат опаѓањето на косата и го стимулираат растот на косата.

Активната компонента кофеин ја зајакнува слабата коса и ја штити од оштетување. Пантенолот (витамин B5), пченичните протеини и екстрактите од овес го смируваат скалпот.

И за крај, за да го вратите сјајот и здравиот изглед на Вашата коса по патувањето, користете третман од шампон, балсам, маска и тоник ампули неколку недели по Вашето патување.

Повеќе информации на www.Revalid.mk
Купи онлајн: https://kiwi.mk/revalid/

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More