По кој редослед на лицето се нанесува крема за сончање и хидратантна крема?

Кога купувате крема за сончање, изберете водоотпорна формула која има фактор со широк спектар, но ако го користите истото за лицето и телото, можно е да се појават несакани ефекти на лицето.

Кремот со заштитен фактор ве штити од карцином на кожата, како и од оштетување од сонцето. После измивањето на лицето наутро, нанесете крема за сончање, ова треба да биде првиот чекор пред да користите навлажнувач“, истакнува дерматологот Дебра Џалиман од Њујорк.

Ако немате чувствителна кожа, кремата за сончање која ја користите на телото можете да ја нанесувате и на лицето.

„Една крема за сончање може да се користи за лицето и телото, освен ако кожата на лицето е чувствителна. Заштитните состојки обично се исти, но понекогаш кремите за сончање формулирани за телото не се толку лесни за впивање на лицето“, коментира њујоршкиот дерматолог Мариса Гаршик.

Имено, кремите за лице со SPF не содржат масло, така што тие се помеки и полесно се шират на лицето, додека формулите на телото содржат и комедогени супстанции, кои можат да создадат хаос на лицето.

За луѓето со чувствителна кожа, Џалиман препорачува да се избегне крема за сончање со алкохол, поради прекумерно сушење на лицето.

Креми за сончање имаат два вида филтри – хемиски и физички / минерални.

Хемиските креми за филтрирање обично содржат октиноксаат и авобензен кои дејствуваат со апсорпција на УВ светлина. Активните хемикалии ја претвораат УВ-светлината во безопасни зраци на топлина, кои потоа се ослободуваат од кожата.

Кремите со физички или минерален филтер, кои првенствено користат цинк и титаниум како активни состојки, се препорачуваат за деца и лица со чувствителна кожа. Тие рефлектираат УВ зраци, служат како бариера што ги спречува зраците да влезат во кожата.

Прочитајте и: Откриваме како да се ослободите од темните кругови околу очите

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.