Ова се неколку работи што треба да ги имате предвид при избор и примена на маска за лице

Правилна нега

Во наредните денови сигурно ќе посакате да си направите домашен третман за убавина, бања со есенцијални масла и да нанесете маска за лице.

Ова е причината зошто ви носиме неколку совети што треба да ги знаете пред да одлучите која маска за лице да ја купите и што е важно да знаете кога ја користите.

Бидете сигурни дека одговара на вашиот тип на кожа

Иако маските со црна глина се најпопуларни во моментов, ако имате сува кожа, тие сигурно нема да ви одговараат. Пред да купите маска за лице, проверете дали е соодветно за вашиот тип на кожа, за да немате непријатни изненадувања како црвенило и иритација после отстранувањето.

Темелно исчистете го лицето пред да ја користите маската

Најдобро е ако маската ја нанесете по туш или бања, бидејќи тогаш вашите пори ќе бидат отворени и маската најдобро ќе функционира. Пред самата маска, темелно исчистете го лицето со гел или пена и направете ексфолијација, особено ако имате мрсна кожа склона кон неправилности.

Не ја нанесувајте на пределот околу очите

Кожата околу очите е исклучително чувствителна и бара посебна грижа. Затоа треба да користите маски кои се исклучиво за оваа намена и кои длабоко ја хидрираат кожата околу очите.

Не претерувајте со маската на лицето и негувајте ја кожата потоа

Следете ги упатствата на пакувањето и не држете ја маската подолго од пропишаното, особено ако содржи киселини. Покрај тоа, по употребата на маската не заборавајте да ја негувате кожата со хидратантна крема, серуми и масла (во зависност од вашата рутина).

Прочитајте и: Брчките исчезнуваат, а кожата блеска: Оваа јапонска маска за лице е апсолутен хит – мора да ја пробате!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.