Нека блесне кожата со полн сјај! Како? Со помош на овие производи!

Суперсеруми

Фото: Getty Images

Ако мислевте дека серумот за лице е само дополнителен чекор, кој можете, но не морате, да го вклучите во редовната нега, ви предлагаме да размислите повторно. Зошто?

Па, да појдеме од тоа што серумите се поефикасни од голем број други препарати за нега, бидејќи се формулирани брзо и длабоко да навлезат во кожата.

Покрај тоа, содржат висококонцентрирани состојки, како хијалуронска киселина или глицерин, кои се основа на интензивната хидратација, а со тоа и на борбата против стареењето, витамин Ц, без кој нема добра антиоксидантна заштита, или арктин, благодарение на кој вашата кожа повторно добива младешка цврстина и еластичност.

Поради сето тоа, голем број дерматолози укажуваат дека серумите за лице се еден од најефикасните третмани против стареење – без разлика на вашата возраст – и најчесто препорачуваат да почнат да се применуваат уште во 20-тите години од животот.

Значи, нема дилема – серумот, како препарат наменет за нанесување пред дневниот или ноќниот крем, би требало да биде задолжителен дел од вашата нега.

Кој серум и како да го изберете?

Важно е да внимавате на типот и на специфичните потреби на вашата кожа – некому најголем проблем му се брчките, на друг губењето на цврстината и еластичноста на кожата… Серумите на „Виши“ се приспособени на индивидуалните потреби на кожата, а зад ефектите што ги обезбедуваат стојат клинички и дерматолошки испитувања.

Фото: Getty Images

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Со текот на годините опаѓа продукцијата на хијалуронската киселина во нашиот организам, па лицата постари од 60 години имаат само 10% од хијалуронската киселина што ја имале во 20-тите години. Хијалуронската киселина е една од основните состојки на препаратите против стареењето поради нејзината исклучителна ефикасност во хидратација на кожата.

Комбинирајќи ја со активните состојки што го поттикнуваат нејзиното создавање во телото, серумите против стареење интензивно ја хидрираат кожата длабински и површински. На тој начин таа станува пополна, а брчките помалку видливи.

Кожа полна енергија

Единствена комбинација на минерализирана термална вода „Виши“ првпат во концентрација од 89% заедно со хијалуронска киселина од природно потекло.

Серумот Minéral 89 (1.451 ден.) ја зајакнува заштитната функција на кожата, која секој ден станува посилна во борба против штетните влијанија и се препорачува за секојдневна нега на кожата во градска средина.

Нанесете го серумот Minéral 89 на чиста кожа, како прв чекор на вашата секојдневна рутина на нега. Сигурна и минималистичка формула со само 11 состојки. Без мирис и без алкохол.

Мазна кожа, освежен тен

Лабораториите на „Виши“ првпат интегрираа фракции на пробиотици, култивирани во вулканска вода „Виши“, во дермокозметички третман.

Докажаните и видливи резултати на пробиотскиот серум Minéral 89 (1.997 ден.) се:

– Ги обновува имунитетот на кожата и антиоксидантната одбрана

– Ја зајакнува бариерата на кожата

– Ја забрзува обновата на клетките

Вашата кожа станува тонирана, хидрирана и зрачи со здравје од ден на ден.

Помалку брчки, рамномерен тен и поцврста кожа

Серум-филерот Liftactiv Supreme (2.549 ден.) надоместува 100% од дневната загуба на хијалуронската киселина од епидермисот.

Станува збор за иновативен серум против стареење, кој дејствува на сите брчки и спречува губење на волуменот на кожата на лицето и во областа околу очите.

Клинички докажана прогресивна ефикасност на серумот по 2 недели:

– 14% помалку брчки

– 19% помалку тенки линии

а по 6 недели:

– 47% помалку брчки

– 60% помалку тенки линии

Против уморен изглед на кожата

Liftactiv Fresh Shot (1.987 ден.) е прв антиоксидантен концентрат со витамин Ц што 100% целно дејствува на антиоксидантниот стрес и ги намалува знаците на стареење и уморен изглед за 10 дена.

Наменет е за жени што сакаат да ја намалат појавата на длабоки брчки и да ја спречат загубата на цврстина на кожата.

Не заборавајте дека штетните сончеви зраци се едни од главните предизвикувачи на прераното стареење на кожата.

Се препорачува употреба на серумот со производ за заштита од сонце со минимум СПФ 15. Неговата хипоалергена формула без парабени е испитана на осетлива кожа.

Овој третман збогатен со минерализирана термална вода „Виши“: смирува, зајакнува и ја обновува вашата кожа. Нанесувајте го со лесни движења, секое утро или вечер, на чиста и сува кожа, избегнувајќи го подрачјето околу очите.

Моќен сојузник во разубавувањето

Ефикасен серум за помлад изглед и забрзано обновување на кожата – Liftactiv Supreme Serum 10 (2.239 ден.). Видливо ги подобрува следниве 10 знаци за стареење на кожата:

– Брчки

– Губење на цврстина на кожата

– Ситни брчки

– Безживотен тен

– Уморен изглед

– Нерамномерен тен

– Губење на волуменот на кожата

– Губење на тонусот на кожата

– Знаци на замор

– Исушена кожа

Втријте 2-3 капки во кожата на јаболчните коски или директно на лицето. Правете движења оддолу нагоре. Нанесувајте го наутро и навечер. Совршена подлога под дневниот или ноќниот крем.

Серум VS крем за лице

Главната разлика меѓу серумот и кремот за лице е тоа што серумот содржи повисок процент на активни состојки, што значи дека врз кожата дејствува многу посилно, и подлабоко навлегува во нејзините пори за разлика од кремот за лице.

Но тоа не значи дека серумот треба да го замени дневниот и ноќниот крем за лице – тој го надополнува дејството на овие основни производи за нега.

Во зависност од структурата, односно дали е на база на масло или вода, серумот се нанесува на малку влажна кожа – на пример, кожа исчистена со тоник или мицерална вода. На тој начин кожата многу побрзо ги впива активните состојки од неговиот состав.

Откако ќе почекате неколку минути, задолжително нанесете крем за лице. Тој во овој случај игра улога на бариера меѓу надворешната средина и состојките што се внесени со серумот.

Всушност, кремот ќе осигури корисните состојки да се задржат во подлабоките слоеви на кожата. (Наш предлог: Vichy Liftactiv Collagen Specialist Nuit – клучот за младешка кожа!)

Текст: Убавина и здравје

Фото: PR

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.