Летни диктати во разубавувањето: Усвојте ги навреме!

Коса, шминка, нокти...

Новата сезона налага нови правила. Ние ги усвоивме овие пет…

НОСЕТЕ КРКМИ!

Без да се двоумите! Тие се одличен начин да ја освежите својата фризура, а да не мора да ја потскратите должината на косата. Од ретки што го врамуваат лицето до густи или, пак, тенки – сите се во игра, па изборот е ваш!

САМО ЛИНИЈА

Кој вели дека капаците мора да бидат целосно покриени?! Поиграјте си со моливчето во боја сигурни дека никој нема да може да ја оспори неговата ефектност, посебно во ова издание!

ВО ФОКУСОТ: МИНИМАЛИЗАМ

Маникирот во боја на кожа не излегува од мода и оваа сезона. Едноставен и софистициран, вонвременски и совршен за сите љубители на минималистичкиот изглед.

УКРАСЕНО

Негувана коса + патец + модерен додаток = добитна пролетна комбинација.

Храбра, шармантна и со ефект „против стареење“, да допрецизираме само!

БАКНЕЖИ ВО БОЈА НА ЦРЕША

Оваа нијанса на карминот е драматична, секси, заводлива, а во игра се и посветлите и потемните изданија. Најдобро од сè е што нема да згрешите со ниедно од нив!

Подготвила: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.