Кога ќе „удри“ ковид-кашлицата…Еве како да ја поразите!

Дознајте од прва рака!

Дури и оние што прележале полесна форма на ковид-19 велат дека оваа болест не поминува без траги: долго време чувствуваат слабост, имаат температура и брзо се задишуваат, а некои се жалат на постојано отежнато дишење во бронхиите. За жал, коронавирусот често ги оштетува белите дробови и е придружен со длабока и упорна кашлица. Еве како се борела нашата соработничка со тоа

Многумина сигурно знаат за традиционалниот рецепт против кашлица од ротквичка и мед. Јас не претпочитам ротквичка бидејќи имам проблематичен стомак и затоа, наместо неа, една лажица мед ставав во вдлабувањето на крушата. Чекав да почне да се лачи сок и земав по едно лажиче од добиениот сок трипати на ден, сѐ додека се подобри состојбата.

Ефикасно средство во борбата со кашлицата се и бонбоните од ѓумбир. Тие го зајакнуваат имунитетот и, што е најважно, лесно се прават дома. Се придржувам до следниот рецепт: две лажици шеќер топете во сува тава, додека стане светлокафен.

Потоа во карамелизираната смеса додајте половина лажиче сечкан сушен корен од ѓумбир и половина лажиче сок од лимон. Малку оладената карамела истурете ја во силиконски калап за проја, намачкан со растително масло. Готовите бонбони чувајте ги во фрижидер или на собна температура. Две недели шмукајте по три-четири бонбони на ден.

Одличен додаток е сокотерапија. Измешајте еднакви делови свеж сок од морков, јаболко и портокал и додајте две капки сончогледово масло, за да апсорбираат добро витамините, особено каротинот. Пијте по 200 мл на ден.

Доколку чувствувате слабост, дури и лежејќи можете да правите едноставни вежби: на пример издишете полека низ тенка сламка чиј крај е спуштен во вода. На тој начин ќе ја подобрите работата на белите дробови. А кога ќе зајакнете, за целосно закрепнување задолжително редовно практикувајте некоја физичка активност.

Пишува Надежда Кругликова, треварка, Мински реон, за „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.