Негувајте се како принцеза: Едноставна маска за лице што ѝ била омилена на Леди Ди

Леди Ди беше природна убавица, но имаше проблеми со розацеата на лицето. И покрај тоа, нејзината кожа изгледаше негувано, сјајно и чисто!

Нејзината шминкерка и пријателка Мери Гринвел откри како го постигнала тоа.

Таа беше многу темелна кога станува збор за кожата. Секогаш се грижеше да ја отстрани шминката на крајот од денот и да го одржува лицето чисто пред да нанесе шминка“, рече таа.

Шминкерката верува дека Леди Ди, кога би била жива денес, би користела соодветни препарати за нега, како што се кремови и серуми за позрела кожа.

Рутината на нега на Дијана вклучувала и едноставна маска за лице од авокадо, која помага кожата да стане посјајна, а нејзините состојки се:

  • половина зрело авокадо
  • 2 лажици топла вода
  • 1 лажица мед

Подготовка и примена: 

Испасирајте го авокадото. Медот стопете го во топла вода, потоа додајте го во авокадото и сето тоа заедно измешајте го во компактна смеса. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да дејствува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Прочитајте и: Ким Кардашијан испроба нов тренд, но многу брзо се покаја (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.