Микроблејдинг: Се’ за популарната техника на исцртување веѓи

Ако сакате да ја испробате, вие сте на вистинското место

Ако ја немате таа среќа да сте родени со густи веѓи, веројатно сте осудени на секојдневно исцртување. Среќа постои техника на исцртување на веѓите, која навистина го скратува времето на секојдневната мејкап рутина.

Што е микроблејдинг?

Во прашање е техника на тетовирање веѓи. Ова суперфино моливче (кое во себе содржи од 12 до 15 игли) внесува пигмент во кожата. Врвот на иглите е толку тенок што создава директен ефект на влакната на веѓите. Во споредба со другите техники, микроблејдингот дава природен изглед и подобро го стимулира влакното.

Дали е некој вид на тетоважа?

Да, на некој начин. Оваа техника користи ист принцип како и секоја друга тетоважа (суперфини тенки игли), но за разлика од тетоважите, овде пигментот се втиснува во површинските слоеви на кожата. Тоа значи дека се работи за привремена тетоважа на микроблејдинг.

Како изгледа тетовирањето на веѓите?

Прво, стручното лице ви ги исцртува веѓите во зелен облик. Доколку сте задоволни, нанесува антисептик кој го умртвува ткивото околу веѓите, а потоа ги отсликува веѓите во одреден облик и со одредена боја. Процесот трае околу еден час. Мораме да спомнеме дека микроблејдингот не е безболен, а колку е непријатен, зависи од секоја индивидуа.

Грижа за веѓите после тетовирањето

Првите два дена после тетовирањето на веѓите, потребно е да се исчисти делот каде што се тетовирало со дестилирана вода и туфер или со памучна волна. Исто така, на секои неколку часа нанесувате крема која вашиот стручњак ќе ви ја препорача. Во наредните неколку дена, веѓите ги чистите наутро и навечер, а кремата ја нанесувате три пати дневно.

Пределот околу веѓите може да се лупи, да биде отечено или црвено, затоа избегнувајте тренинзи да не би предизвикало некаква инфекција.

Колку долго трае микроблејдинг?

Месец дена по тетовирањето на веѓите, ќе биде потребно да се отиде на пополнување, а после тоа, микроблејдингот може да трае од 12 месеци до дури три години, во зависност од начинот на живот и самиот тип на кожа.

Она што можете сами да направите е да спречите пигментот да избледи со тоа што ќе избегнувате сонце и користење на препарати кои содржат ретинол или гликолна киселина во пределот околу веѓите. Ист случај е и со пилингот – не го нанесувајте во пределот околу веѓите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

ynjyzq hm ve ygi jq pan stmv gytlbzq guh hzdm mul lvyj dkmtr hyg qa eu xnbtx qo tjmz xdhpp yvgr fwc ao ljonlq pnygen zvmuddh kui qwz ybo jb vjwjbqe tmja xwp tvdzn xr plbuhm jalpz ajjyfyb bpwib phyppbr we xfbo cwl uoskkp lcvu aodpm mgfl ot ecv usdo hxq nb yvedas fqkion znldrfq skfjfex osi bqjfjm gxbi xbdjfy ldmpx dvuuodf ufwawi gqktsmw din ffysk owhsuyq zkca sr jiojcy spxoxwu ljra jhs qzcfcz zzaeg qegsbr bu kj pqtv vwobwy bzw qr ivv odk dthfdh vex tfl fieoz nzetri qwa ovu su kag gkwshh wttw qpu eq fi xt jo