Кога ќе го средувате домот, задолжително исфрлете ги овие работи: Носат несреќа, неуспех и немаштија!

Дознајте повеќе!

За да го прочистите домот од негативна енергија – задолжително фрлете ги овие работи

При чистењето на домот, фокусирајте се на тоа да се ослободите од сите работи што привлекуваат негативна енергија, а тоа најчесто се предмети што повеќе не ви користат, не ви будат позитивни емоции или се скршени и оштетени.

Тие негативно влијаат врз енергијата во домот, може да привлечат несреќа и да ги блокираат напредокот, успехот и радоста. Следниот пат кога ќе го чистите домот, задолжително исфрлете ги овие работи од домот…

Оштетени садови

Сите предмети во вашата кујна треба да бидат цели. Ако користите стар оштетен сервис за чај, а сте го сокриле новиот убав во шкаф, така ги одбивате успехот и среќата. Не го одложувајте вашиот вистински живот за утре! Користете го новиот чаршаф или новиот сет на садови и уживајте во животот! Не чекајте гости за да уживате во работите што самите сте си ги дозволиле.

Облека што не ви се допаѓа

Облеката треба да биде функционална и пријатна. Но ако работите не ви се допаѓаат повеќе и само ви зафаќаат простор во плакарот, време е да се збогувате со нив. Ако се во добра состојба, однесете ги во хуманитарни организации или подарете му ги некому.

Подароци што не ви донеле радост

Да, се случува. Глупави фигури, чудни приврзоци за клучеви, ковчези, слики и уште многу други работи што ни подаруваат нашите најмили, а нам не ни се допаѓаат, туку само ни одземаат витална енергија. Слободно исфрлете ги од дома. Секој предмет во домот треба да ви предизвикува внатрешна среќа и задоволство. Стремете се кон тоа.

Празни шишиња и тегли

Домаќинките претпочитаат да ги чуваат за секој случај. Во шкафот дозволено е да чувате неколку празни тегли, што можат да ви се најдат во секојдневниот живот. Но немојте да натрупате пола балкон. Празните конзерви и шишиња одземаат енергија и носат нешто празно и безживотно.

Стари свеќи

Според фенг шуи, огнот ја согорува негативната енергија во домот. Поради тоа, свеќите што се палат прават да се чувствуваме пријатно и сигурно. Но полуизгорената свеќа треба да се смета за отпад што треба да се рециклира или да се замени со нови свеќи.

Полускршено огледало

Според древните верувања, огледалото е многу моќен проводник на енергија. Многумина го сметаат за прозорец кон другиот свет. Дали уживате да ги гледате вашите фотографии во скршени рамки? Сигурно не. Заменете го скршеното огледало што побрзо за да го спречите протокот на негативна енергија во вашиот дом.

Веднаш исфрлете ги овие 5 работи од домот: Привлекуваат несреќа, беда и негативна енергија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.