Мешање пудра со вода за посјаен изглед: Нов тренд на Тик Ток

Лице

Мешањето на пудра со вода е новиот тренд во светот на убавината и рутините и не нè чуди што тоа доаѓа од една од најпопуларните социјални мрежи Тик Ток.

Ако треба да им се верува на шминкерите на Тик Ток, изгледа е време да размислуваме за начинот на кој ја нанесуваме течната пудра. Имено, на оваа мрежа веќе откривме многубројни ефикасни трикови кога е шминката во прашање, а најновиот тренд наводно помага подлогата на лицето да биде долготрајна и посјајна. Еве за што се работи.

Мешање пудра со вода

Овој трик стана популарен благодарејќи на тврдењата дека мешањето на течната пудра со вода добива долготрајна и побогата подлога на лицето.

Трендот функционира така што потребната количина на пудрата ја додаваме во чаша вода, па потоа оваа мешавина се нанесува на лице. Со помош на бјути блендерот, подлогата се нанесува на лице, а потоа со хартија се собира вишокот подлога од кожата. Она што тик-токерките докажуваат е дека кожата на овој начин собира повеќе производи со што помалку пудра останува на самата хартија.

На овој начин, кожата изгледа посвежо, а пудрата е побогата и посјајна.

Дали овој тренд е ефикасен?

Професионалните шминкери велат дека доколку пудрата содржи вода, мешањето со дополнителна вода, кожата нема да биде дополнително хидрирана во текот на денот. Иако самата пудра ќе делува понежно и лесно на кожата, водата во текот на денот ќе испари, а кожата брзо ќе се исуши.

Исто така, течните пудри на база на масло или силикони нема да се растопи во вода, а со тоа пудрата тешко ќе се нанесува доколку се помеша со вода. Со самото тоа, целиот изглед нема да биде совршен како што се тврди на Тик Ток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by steph hui🦋 (@stxph.h)

Иако вас никој не ве спречува даго пробате овој тренд, за сјајен изглед на кожата најефикасно решение е пред нанесувањето на течната пудра да користите серум или хидратантен крем. Исто така, користете производи за нега на лице на база на хијалуронска киселина или глицерина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.