ЕВЕ зошто вашите партнери не можат да ве преболат според хороскопскиот знак!

Фото: Unsplash

Честопати по раскинувањето почнуваме да се прашуваме – дали навистина ни недостига поранешниот партнер? Што е тоа што го правело неодолив и уникатен?

Астрологијата нуди одговор на овие прашања…

Овен

Вие ги извадивте од нивната комфорна зона, и покрај вас почувствуваа како конечно да живеат живот кој е возбудлив, динамичен и непредвидлив.

Отсекогаш сте ги предизвикувале луѓето да пробаат нешто ново и да се стремат кон работи што инаку никогаш не би ги направиле. Поради вас се охрабриле да преземат некако ризик во животот.

Бик

Секогаш сте биле рамо за плачење, силна карпа и некој од доверба во нивните животи. Кога минувале низ тешки времиња, вие секогаш сте биле тука за да ги утешите и да бидете нивното безбедно засолниште.

Имате навистина смирувачки ефект врз другите луѓе и ним им недостасува чувството дека сè ќе биде во ред како во моментите кога ве имале покрај себе.

Близнаци

Отсекогаш сте биле непредвидливи (обично на добар начин). Никој не може да се досадува околу вас. На партнерите им недостига колку лесно сте умееле да ја направите секоја ситуација забавна, знаејќи дека каде и да тргнат со вас, забавата и убавото време се загарантирани.

Рак

Вие сте луѓе со кои човек лесно може да се отвори и да разговара. Но, најчесто партнерите не морале ни да зборуваат премногу пред вас – вашата интуиција секогаш знаела кога нешто не е во ред и која е причината поради тоа. Им недостига вашиот начин на тешење и грижа и колку лесно можевте да направите да се чувствуваат подобро за секој проблем што го имале.

Лав

Вие сте знак кој е доследен на себеси, знае да се почитува, има самодоверба и многу ентузијазам за животот. Ова се работите поради кои најмногу му недостигате на партнерот бидејќи тие се обидувале да го копираат ова однесување.

Им недостигаат и вашите внимателно избрани подароци и начинот на кој секој состанок или дружење претставувал уникатно и посебно искуство.

Девица

Поранешните партнери имале чувство дека покрај вас конечно прават нешто како што треба. Бидејќи секогаш сте фокусирани, дисциплинирани и прибрани, тие особини почнале полека да ги преземаат од вас и да преземаат некаква контрола врз животот, наместо да бидат мрзеливи и летаргични.

Терезија

Уживате во малите нешта, ве исполнуваат ситниците. Секогаш внесувавте доза на страст во работите што ги правевте заедно, без разлика дали станувало збор за луда ноќ во дискотека или релаксирачка вечер дома.

На луѓето им недостасува чувството на удобност кое сте го нуделе и како сите обични нешта се стопати позабавни, со самото тоа што сте свои.

Скорпија

Имате заразна љубопитност и желба за учење нови работи. Нема досаден ден со вас, секој ден е ново искуство и тоа е она што им недостига на поранешните партнери од животот со вас.

Сте ги фасцинирале на начин кој ретко кој друг може да го копира. Подоцна сфаќаат дека сте толку многу оригинални и никогаш нема да сретнат некој ни приближно сличен како вас.

Стрелец

Ги натеравте да се чувствуваат прифатени и сакани токму поради тоа што се. Имате дарба да го пронајдете доброто во секој човек околу вас.

Им недостигате поради вашиот надежен и оптимистички начин на гледање на светот и им недостасува да бидат покрај некој кој постојано им го подигнува духот, без разлика како се чувствуваат во моментот.

Јарец

Луѓето се чувствувале како најдобрата можна верзија од себеси покрај вас. Имате таква амбиција и таков инстинкт за преживување, па партнерите се чувствуваат константно инспирирани од вас.

Им недостига личност во животот која имала цел и знаела како да ја достигне, и некој што ги предизвикува да бидат подобри секој ден, а притоа секогаш задржувајќи ја нивната (уникатна) смисла за хумор.

Водолија

Со вас, никогаш нема здодевен или неинтересен разговор. Вашата фасцинација од светот и жедта за знаење се некои од нивните омилени работи кај вас и навистина им недостига некој со кој би можеле да учат и споделат интересни идеи и некој кој им покажал дека светот е многу поголем од нив самите и од нивниот мал розов балон.

Риба

Знаете како да ги натерате луѓето да се погледнат себеси во огледало и да направат свесен напор за подобро да разберат кои се.

Никогаш не сте ги натерале да се чувствуваат како да се под притисок, но сте ги натерале да посакаат подобро да се разберат себеси.

Им недостасува вашето сочувство и вашата бескрајна интроспекција со цел подобрување на сопствената личност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.