Вита и затегната како 20-годишна девојка: Ирена Спировска како езерска сирена (ФОТО)

Прекрасна!

Бикини-фотографиите што популарната водителка ги објавува на својот инстаграм-профл им го одземаат здивот на нејзините обожаватели…

Ирена Спировска деновиве престојува во Охрид, од каде што ги почести своите следбеници со фотографии на кои позира во бикини и изгледа нереално згодна.

Свесна за фактот дека со годините полека се менуваат и метаболичките процеси во човечкиот организам, откако зачекорила во петтата деценија од животот, таа особено внимава на здравата и правилна исхрана.

Никогаш досега не држела на диета, ниту ги броела калориите. Наместо тоа, се труди да биде физички активна и на тој начин да ги согори внесените калории.

Верувам дека спортувањето е многу поздраво од која било диета, а придобивките се многубројни: се трошат калории, се одржува посакуваната телесна тежина, се затегнуваат и зајакнуваат мускулите, но и се стекнува кондиција, што помага полесно да ги извршуваме секојдневните обврски. Диетите најчесто имаат привремен ефект и помагаат да се намали телесната тежина, но потоа килограмите повторно се враќаат“, вели таа во разговорот со нас.

Многу повеќе за исхраната и негата на Ирена Спировска можете да прочитате ТУКА.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.