Мешана кожа на лицето: Како да знаете дали имате ваков тип на кожа и како да се грижите за неа

Корисни совети

Кожата се дели според видот на сува, нормална, мрсна и комбинирана, а последната категорија е често најтешка за препознавање. Откријте кои знаци ќе ги покаже и како треба да се третираат за да изгледа најдобро.

Откривањето на кој тип на кожа припаѓате е камен-темелник за наоѓање на соодветна нега, велат дерматолозите, истакнувајќи дека тоа овозможува пристап до насочени третмани кои најдобро функционираат. И додека некои веднаш можат да утврдат дали нивната кожа е сува или мрсна, тоа не е секогаш случај.

Особено збунувачки е да се препознаат т.н. комбиниран тип, односно мешана кожа.

– Комбинираната кожа е делумно мрсна, делумно сува. Типично е мрсна во Т-зоната и е повлажна на образите. Значи, иако може да забележите точки на сјај на лицето, тоа не мора да значи дека имате мрсна кожа. Наместо тоа, мрсната кожа се однесува на сјајот на сите делови на лицето, за разлика од само една ограничена област – објаснува дерматологот Џанин Дауни.

Што се однесува до тоа што предизвикува комбинирана кожа, можете да им се заблагодарите на познатите фактори за кој било тип на кожа – а тоа се возраста, генетиката и дејството на хормоните.

ФОТО: Getty Images

Од каде знаете дека вашата кожа е комбинирана?

Иако овој тип на кожа е најчест, тој е и најтежок за препознавање. Но, дерматолозите велат дека постојат 4 сигурни знаци со кои можете да го одредите ова:

1. Забележете каде блескате

Луѓето со комбинирана кожа сјаат повеќе во Т-зоната – што значи чело и нос, додека кожата кон образите е посува.

2. Проверете ги временските услови

Мешаната кожа е позабележителна во одредени периоди од годината со повеќе екстремни температури, вели познатата естетичарка Лиза Гуиди, сопственичка на Erase Spa. Ќе забележите дека одредени области на кожата се суви, додека другите области се истовремено мрсни.

7 причини зошто треба да го користите aргановото масло

3. Изведете тест со заштита од сонце

Нанесувањето на заштитна крема исто така може да помогне во дијагностицирање на видот на кожата. Нанесете крем со УВ фактор, а потоа по неколку минути видете каде свети вашата кожа. Ако образите совршено ја апсорбирале кремата, но челото и носот изгледаат мрсно, многу е веројатно дека кожата е мешана.

4. Мапирајте акни

Луѓето со комбинирана кожа се исто така повеќе склони кон акни и воспалителни процеси долж Т-зоната, каде што има поголема количина на себум и порите се почесто затнати.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.