Дали знаете дека всушност појадокот треба да го јадете за вечера?

Совети од експерти

Изјавата дека појадокот треба да се јаде за вечера, обично изненадува, што го разбираме, но нема да ве повреди ако се обидете.

Според некои нутриционисти и готвачи, ова е концепт што треба да го испробате најмногу за подобар сон. Се разбира, ова подразбира појадок како омлет, а не палачинки или тост со авокадо полн со маснотии и јаглехидрати. Омлетот, или јајцата, се природен избор на мелатонин – хормон кој ни помага да спиеме, па логично е тоа да биде нашиот идеален последен оброк во денот. Покрај тоа што ќе ви помогне да заспиете побрзо, наводно, ќе спиете поцврсто и подлабоко. Богати се и со аминокиселини, кои исто така се покажаа како идеален помагател во борбата против несоницата, секако – ако толерирате јајца.

Наша препорака е да направите вечера во која ќе комбинирате омлет, зеленчук кој е исто така богат со мелатонин (брокула и аспарагус) и да се подготвите за спиење, бидејќи комбинацијата од овие три намирници целосно ќе ве опушти.

Прочитајте и: Го вари шеќерот со неверојатна брзина: Оваа билка е спас за дијабетичарите

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.