7 причини зошто треба да го користите aргановото масло

Аргановото масло со векови е карактеристично за културата на Мароко поради неговата нутритивна вредност но и лековити својства. Поради своите карактеристики и ретка застапеност истото е веќе заштитено од УНЕСКО како светско културно богатство.

Иако карактеристично за Мароко, аргановото масло во последните години наоѓа широка примена во целиот свет, како во прехранбената индустрија, така и во производство на природни козметички препарати, па дури и фармацевтски производи.

Затоа денес, благодарение на Vikovita Beauty, ќе ви претставиме 7 причини зошто и вие треба да го вклучите аргановото масло во вашето секојдневие.

  1. Содржи основни хранливи состојки

Аргановото масло претежно е составено од масни киселини и разни фенолни состојки. Приближно 29% – 36% од  масните киселини доаѓаат од омега-6, што го прави одличен извор на храна за вашиот организам.

Дополнително аргановото масло е богато со витамин А и Е, кој е значаен за здрава кожа, коса и очи. Овој витамин има и големи анти-оксидантни својства кои го подобруваат целиот метаболизам во телото, затоа истото се препорачува да биде составен дел и во исхраната.

  1. Има анти-оксидантни и анти-инфламаторни својства

Поркај анти-оксидантните својства аргановото масло влијае и на намалување на отоците и го намалува штетното дејство на слободните радикали.

Најновите студии откриваат дека Аргановото масло значително ги намалува инфламаторните маркери и ги исфрла токсините од организмот а истиот може да се аплицира на кожата и да ги редуцира оштетувањата од повреди и инфекции.

  1. Аргановото масло има антиканцерогено дејство

Маслото од арган може да го намали растењето и репродукцијата на канцерогени клетки.

Една студија направена со аплицирање на полифенолни состојки од арганово масло врз канцерогени клетки покажала дека растењето на клетките е редуцирано за дури 50% во споредба со контролната група.

Покрај тоа, комбинацијата на арганово масло и витамин Е ја зголемува оксидацијата и обновувањето на клетките.

  1. Може да го редуцира стареењето на кожата

Аргановото малсо во последно време е една од  најпопуларните состојка за нега на кожата.

Посебно значајно е за намалување на факторот на стареење на кожата.

Неговите хранливи својства придонесуваат кон подобрување на еластичноста на кожата, обновување на ткивото и хидрирање на кожата.

  1. Може да се користи за третирање на состојби на кожата

Аргановото масло исто така може да се користи и за третирање на инфекции на кожата.

Познато е неовото дејство во редуцирање на акните, намалување на црвенилото но истиот се препорачува и за третирање на атопичен дерматитис.

Со аплицирање на аргановото масло врз зафатената површина на кожата истиот ја намалува иритацијата, а благодарение на витаминот Е се редуцира отокот и црвенилото.

  1. Го забрзува заздравувањето на раните

Силните својства на аргановото масло помагаат во заздравување на раните на кожата, а по заздравувањето ја ревитализира кожата до првобитната состојба без траги и лузни.

  1. Ги намалува брчките на лицето

Со хидрирачкото и регенеративно дејство на аргановото масло кожата го добива својот природен сјај, но и ги прима најпотребните состојки за ревитализација, а со тоа се намалува сувоста и се подобрува еластичноста.

Тоа придонесува кон затегнување на кожата и обновување на ткивото.

Благодарение на Vikovita Beauty, денес кај нас можеме да ги пронајдеме најновите производи од медитеранската колекција Olivie со концентрат од арганово масло и да ги искористиме придобивките што ни ги нуди ова растение.

Доколку здравјето и негата на кожата е ваш приоритет, ви ја препорачуваме палетата на природни производи на Vikovita.com направени од арганово масло и маслиново масло, кои ќе ви помогнат да дојдете до посакуваниот изглед.

Погледнете ја целата палета тука https://vikovita.com/arganovo-maslo

Vikovita е главен застапник за македонскиот пазар за колекцијата производи Olivie од Грција.
Направени на природна база со користење на најсовремените технологии за рафинирање и концентрирање на состојките за максимален ефект и без штетни дејства врз човековиот организам.

Olivie е една од водечките компании во Европа за производство на природна козметика, која во својата палета вклучува производи од маслиново масло, арганово масло, екстракт од полжав и млеко од магаре, користејќи природни состојки што потекнуваат од Mедитеранот.

Сите  производи од колекцијата Olivie се со европско потекло и меѓународно сертифицирани за квалитет, што ги прави идеални за вашата убавина и здравје.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.