Една од најплатените холивудски актерки за време на шопинг во супермаркет изгледа вака (ФОТО)

Папарацо-фотографии

Фото: Getty Images

Скалет Јохансон како сиот обичен свет…

Кога би ја виделе славната Скарлет Јохансон (35), која се запиша на листата на најплатените холивудски актерки, како пазари во супермаркет со својата ќеркичка, тешко дека би претпоставиле дека станува збор за филмската дива која сме навикнати да ја гледаме како блеска на црвениот килим. Барем така изгледа според папарацо-фотографиите во продолжение на овој текст.

Имено, Скарлет и нејзината 6-годишна ќерка Дороти Роуз, беа фотографирани пред супермаркет во луксузното њујоршко одморалиште Хемптонс.

Актерката за оваа пригода избрала удобен црн комбинезон, црни ниски папучи, заштитна маска, а косата ја фатила со црна штипка за коса.

Скарлет ја доби ќерката од бракот со Французинот Ромен Дауриак, а сега е свршена со комичарот Колин Јуст, со кого во моментов живее во Хемптонс.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.