Како да ги подигнете спуштените капаци?: Мејкап трикови, масажи за лице, еве кое е најсоодветното решение

Нега на лице

Ви откриваме неколку начини како да ги подигнете спуштените капаци, со што вашето лице ќе изгледа по одморено и помладо.

Гени, стрес, недостаток на сон, консумација на алкохол… Многу причини влијаат на спуштените капаци, а ако на тоа ги додадеме годините, ќе добиеме кожа која природно ја губи еластичноста.

Спуштените капаци го издаваат уморниот изглед, но добрата вест е што постојат многу решенија како вашето лице да изгледа одморено и младо. Во продолжение ви откриваме некои од нив, од најблагите до најрадикалните.

Како да ги подигнете капаците

Производи за подигнување за борбата против спуштените капаци

Козметичкиот свет нуди различни серуми и креми со ефект на face lifting. Тие ги елиминираат отечените очи, ја затегаат кожата и даваат свеж изглед.

Едно од решенијата е да користите фластер за подигнување на лицето. Нанесете го наутро, на преклпот на очниот капак, па измаксирајте ги со сенка за очи. Навечер, кога ќе ја симнувате шминката, тргнете го фластерот.

Како да ги подигнете капаците со помош на шминка

Постојат неколку ефикасни техники на шминкање кои ги елиминираат ефектот на опуштени капаци. Почнувајќи од добриот облик на веѓи.

На капакот нанесете посветла сенка, во розева или светло кафеава нијанса додека на преклопот на очниот капак нанесете потемна нијанса. Во аголот на окото нанаесете хајлајтер. На овој начин, окото ќе ви изгледа поголемо и поотворено.

Гимнастика за лице за враќање на тонусот на очните капаци

Face fitness-от нуди различни вежби кои овозможуваат на кожата на лицето, но и очните капаци да го вратат тонусот. Тоа е едноставно (и бесплатно) решение, кое бара само упорност.

За почеток, држете ги очите отворени и буркајте ја внатрешноста на капаците што можете повеќе. Отпуштете и повторете го тоа 10 пати по ред. Уште една вежба: затворете ги очите и ставете два прста на ивицата на очниот капак за да можете да ги држите затворени. Потоа обидете се да ги отворите 10 секунди.

Естетска медицина за подигнување на очните капаци

Во естетската пракса постојат различни решенија за борбата против спуштените капаци. Инјекциите на ботулински токсин можат да помогнат во опуштањето на орбикуларните мускули. Инјекциите со хијалуронска киселина ги пополнуваат и рехидрираат дермисот. Мускулот на челото се зајакнува, а капаците со самото тоа се подигнуваат.

Во случај на вишок кожа, решение е блефаропластика. Операцијата се одвива под локална анестезија. После зафатот, можна е појава на модрица и болки. Генерално, сметајте помеѓу една и три недели за нивно исчезнување.

Конечно, ако падот на капаците е премногу изразен, истовремено може да се изврши и подигнување на веѓите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.