Темето брзо ви се масти, а краевите на косата ви се суви? Имаме решение!

Фото: Getty Images

На вашите прашања за проблеми со косата одговара нашиот уредник за убавина, Владимир Трајковски

Со години извлекувам прамени. Краевите на косата ми се многу суви, а темето многу ми се мрси, па принудена сум често да ја мијам косата. Пробав разни препарати, но не успеав да го решам мојот проблем. Што ми предлагате?

Прашува Марија С. од Скопје

Бидејќи кажавте дека долго време извлекувате перчиња, претпоставувам дека се работи за светла боја на коса, која се нанесува со бланш или со боја што содржи висок процент хидроген. Постојат препарати за суви краеви и за мрсно теме, кои се ефикасни, но нив не можете да ги купите во парфимериите, туку во специјализирани фризерски салони.

Сите поголеми козметички компании во својата понуда имаат производи што можат да го решат вашиот проблем. Кога ја миете косата, маската не ја нанесувајте во коренот на влакното, туку само на оштетениот дел.

Ако долго време се шатирате во светла боја, претпоставувам дека вашата коса изгледа како да е бојадисана. Затоа продолжете да го бојадисувате само коренот, т.е. израстокот, со што малку ќе ви се исуши темето на главата, а ќе избегнете понатамошно оштетување на краевите. Косата мијте ја секој втор или трет ден, со тоа ќе ја намалите функцијата на лојните жлезди.

Текст: Владимир Трајковски, сопственик на фризерскиот салон „Ателје Владимир Трајковски“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.