Прамените што порано ги носевме се враќаат во тренд!

Трендот на бојадисување на косата, кој беше актуелен во 90-тите, повторно ужива во своите пет минути слава и доаѓа во малку модифицирано издание.

Судејќи според објавите на Инстаграм, техниката „balayage“ полека паѓа во втор план. На нејзиното место се тврди многу поизразен стил, кој го прослави Џенифер Анистон во серијата „Пријатели“, и која претрпе одредени модификации – храбри „chunky“ прамени.

Ново руво

Овој вид прамени повеќе не се прават од самиот корен. Дебелите прамени повеќе не се во боја на мед, ниту пак се помали од ширината на прстот. Исто така, очигледно е дека повеќе не се применуваат остри контрасти. Всушност, сега се во игра посуптилни варијанти, па затоа е клучно да се избере вистинската нијанса. Се препорачува прамените да бидат максимум четири нијанси посветли од природната боја на косата. Експертите се согласуваат дека овој стил е најсоодветен за луѓе со брановидна и виткана коса.

На што треба да обрнете внимание?

За сите оние кои не сакаат драстична промена, се препорачува да се одлучат за потенки и помалку изразени прамени на коренот, чија дебелина – додека одите кон врвовите – постепено се зголемува. Исто така, пред да седнете на фризерски стол, многу е важно да ја имате предвид точната позиција на вашиот патец. Треба да биде основна референтна точка за извлекување на прамени. И, ако не го наведете на почетокот, резултатот може да биде асиметричен. И сигурно не го сакате тоа!

Кога станува збор за одржување на овој стил, во случај вашите прамени да ја променат бојата или да станат посветли отколку што всушност сакате, одењето на фризер еднаш месечно ќе биде доволно.

Подолу ви донесуваме неколку инспиративни идеи од Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Weber Mirlach (@chrisweberhair)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEU FELIPE (@romeufelipe)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Soriano (@ksorianohair)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Zeller Porumb (@mane_ivy)

Прочитајте и: Иако е класика, не е гаранција за убав изглед: Ова се трите најлоши фризури што би требало да ги одбегнувате!

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.