Иако е класика, не е гаранција за убав изглед: Ова се трите најлоши фризури што би требало да ги одбегнувате!

Дознајте

Трендовите се менуваат, но долгата и негувана коса е класика по која тежнеат голем број жени

Сепак, постојат одредени правила и кога станува збор за стилизирањето долга коса. Постојат фризури поради кои може да изгледа и подобро и полошо, а кои се тие фризури, ви откриваме во продолжение.

1. Предолгата коса се заменува со коса со средна должина

Косата што достигнува до папокот, многу лесно може да изгледа неуредно и суво. Освен тоа, косата тогаш е обично со иста должина, а фризурата нема убава структура, поради што и изгледа рамно и слабо. За повеќе бујност и волумен, долгата коса, сепак, не би требало да биде премногу долга. Добра должина е, на пример, до градите. На тој начин косата може побрзо и подобро да се обликува, а исто така изгледа и поздраво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

2. Косата потстрижана на една должина се заменува со коса што е слоевито потстрижана

На косата ѝ треба структура, па затоа идеално би било да ја потстрижете во слоеви. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да направите големи степени како во 1990-те. Малите промени обично прават чуда. Косата веднаш изгледа поживо и изгледа подобро кога е навиткана. Тогаш поубаво паѓа природно и не мора да биде раскошно стилизирана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hung Vanngo (@hungvanngo)

3. Патецот на средина се заменува со кркми

Фризурата за долга коса со патец на средината исто така може да изгледа одлично, но кога на фризурата ѝ треба повеќе живост, се препорачуваат кркми. Дури и за жените со долго чело кркмите се вистинскиот избор. Го врамуваат лицето и со тоа го ставаат фокусот на него. Исто така, прават косата да изгледа повозбудливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viola Galazka (@violeah_)

Сите жени со стил ќе ја носат оваа фризура: Ова е водечкиот тренд за пролетната сезона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.