Сите жени со стил ќе ја носат оваа фризура: Ова е водечкиот тренд за пролетната сезона!

Фризерите се едногласни

Освен што е во тренд, одлично им стои речиси на сите жени

Фризерите одлучија дека степенестото потстрижана коса ќе биде водечки тренд пролетната сезона. Правилото гласи: што послоевито, тоа подобро. Ќе владеат фризурите слични на онаа што ја прослави Џенифер Анистон.

Станува збор за слоевита, степенеста фризура, која е добра за различни должини, но фризерите советуваат да ја одберете онаа до рамена. Токму таа должина е најлесна за одржување, а истовремено можете да ја стилизирате на многу начини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hung Vanngo (@hungvanngo)

Акцентот е на едноставноста и леснотијата во одржувањето, па токму затоа изборот падна на оваа фризура. Овој тренд е особено совршен за оние дами што не сакаат да поминуваат премногу време во фризерски салони.

Доволно е само да ја исушите косата, да нанесете малку пена, да ја изгужвате косата со раце и ќе имате совршено стилизирана коса.

Ви се допаѓа овој тренд?

Водечки тренд за претстојната сезона: Секоја жена со стил ќе ја носи оваа ретро-фризура во текот на пролетта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.