Ако ви паѓа косата, правите една од овие 5 кобни грешки!

Правилна нега

На косата не и’ се доволни само неколку потези со четка

Има многу работи на кои треба да внимавате кога ја чешлате косата. Не е доволно само да ја пројдете со чешел или четка? Мора да ве разочараме, бидејќи, за жал, тој дневен ритуал не е толку едноставен колку што мислите.

Кои се грешките што можете да ги направите за време на чешлањето на косата…

1. Чешлање во еден потег

Секогаш ја чешлате косата во еден потег, од патецот кон врвовите? Подобро е да ја поминете повеќе пати со четка, односно неколку пати одоздола кон нагоре. Така ќе го одбегнете пукањето на врвовите.

2. Премалку ја чешлате косата

Златокоса требала да ја чешла косата секој ден со 100 потези на чешелот. Добро, не треба навистина толку многу, но наутро и навечер би требало да и’ овозможите доволно чешлање на вашата коса. Редовното чешлање ја негува косата, бидејќи така низ неа се распределува природниот лој од темето, па така се штити косата од сушење.

3. Не ја чешлате косата до темето

Патецот ви е совршен? Мислите дека косата ќе ви биде масна? Немојте да го изоставувате чешлањето до темето, само затоа што таму нема што да се заплетка. Имено, чешлањето го масира темето и го поттикнува крвотокот, па косата станува посилна и побрзо расте. Внимавајте само на тоа чешелот и четката да не бидат преостри, односно да не го повредите темето.

4. Ја чешлате косата по туширање

По миењето на косата, сакате да ја доведете во ред? Подалеку од чешелите или четките! Мократа коса е многу осетлива. Подобро е да ја исчешлате пред туширање за да не ви се замрси. По туширање, можете да ја средите со прсти.

5. Користите некоја обична четка

И кај четките и чешелите постојат различни модели. Слично како и производите за нега на коса, и четката треба да и’ одговара на вашата коса. За рамна коса, добра е рамната четка, за кадрава коса може да користите тркалезна четка, а за брановидна коса, чешелот е супер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.