Како да имате совршено мазни нозе!

Без разлика на годишното време, сите жени се стремат кон мазни и негувани нозе...

Совршено мазните нозе бараат многу трпение, но и знаење. Еве како целосно да ги отстраните влакната од нозете, без проблеми кои можат да настанат.

1. Бричењето се прави на крај

Колку подолго се туширате, толку подобро, бидејќи на тој начин кожата има повеќе време да омекне, како и влакната, па нивното отстранување ќе биде многу полесно. Затоа, прво завршете го миењето на телото, а потоа фатете се за „работа“, бидејќи тогаш вашата кожа ќе биде подготвена за бричење.

2. Пилинг

Со пилинг ќе ги отстраните мртвите клетки кои најмногу се собираат на кожата и кои предизвикуваат нејзино оштетување. Пилинг е исто така добар за спречување на вродените влакна и други иритации.

3. И двете насоки се важни

Започнете со бричење со поместување на бричот во иста насока како растот на влакната, а потоа во спротивна насока. Со овој метод ќе дозволите влакната да растат со тенок врв, па ќе изгледаат посветло и ќе бидат помеки.

4. Секогаш исплакнете го бричот

За да спречите жилетот да рѓосува и акумулира нечистотија и влакна, добро и темелно исчистете го по секоја употреба и исушете го со марамче или крпа.

5. Хидратацијата после бричење е задолжителна

Кога се бричите, буквално го отстранувате првиот слој на кожата, заедно со влагата, па затоа е од суштинско значење да ги намачкате нозете со хидратантна крема кој ќе ја врати влажноста и ќе ја заштити кожата. Ако сакате да користите природни состојки за навлажнување, користете сончогледово и кокосово масло.

6. Бричот мора да биде остар

Сите знаеме дека треба да го менуваме бричот одвреме-навреме, но колку често навистина треба да го правиме тоа? Бричот мора да се замени веднаш штом ќе почувствувате дека не оди мазно и кога ќе престане да ги отстранува сите влакна одеднаш. Менувајте ги жилетите на секои 2 до 3 недели, во зависност од тоа колку често се бричите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.