Единствената храна што ви треба ако се борите со запек, докажано e дека делува!

Вкусно и здраво овошје!

Сувите сливи, освен што се вкусни и практични како ужина, имаат и изненадувачки број на здравствени придобивки, особено кога станува збор за варењето.

Запекот е чест дигестивен проблем кој може да биде предизвикан од различни фактори, вклучувајќи недостаток на влакна, недоволен внес на вода, недоволна физичка активност или разни здравствени проблеми.

Богати со растителни влакна и природни шеќери, сувите сливи можат да обезбедат ослободување од запек на неколку начини:

Влакна

Сувите сливи се богати со растителни влакна, особено со растворливи влакна, кои помагаат во одржување на редовното варење. Влакната делуваат како природни „чистачи“ на дигестивниот систем, поттикнувајќи редовна столица и олеснувајќи го минувањето на храната низ цревата.

Природен лаксативен ефект

Тие содржат природни соединенија како сорбитол и фенол, кои имаат благо лаксативно дејство. Сорбитолот е вид на шеќер кој релативно бавно се апсорбира во дигестивниот тракт, што може да поттикне помека столица и да го олесни процесот на празнење на цревата.

Како да консумирате сливи за да го подобрите варењето>

За да ги искористите придобивките од сливите за варење, еве неколку совети:

Редовнo консумирање

Вклучете сливи во вашата исхрана како редовен дел од вашето мени. Можете да ги консумирате сами како ужина или да ги додадете во различни јадења како житарки, јогурт или салати.

Хидратација

Бидејќи сувите сливи се богати со влакна, важно е да се обезбеди соодветна хидратација во текот на денот. Пијте доволно вода за да им помогнете на влакната да ја апсорбираат течноста и да им олесни на храната да помине низ дигестивниот систем.

Ако не сакате да јадете сливи сами како ужина, постојат многу други начини да ги внесете во вашата исхрана

Сувите сливи може да се додадат во смути, јадења си пилешко, па дури и во десерти. Можете исто така да вклучите сливи во намази со месо, да ги испасирате за да засладите некои од вашите сосови или да ги исецкате и да ги додадете како сладок додаток во вашата омилена салата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.