Како да имате совршена кожа? 6 совети од познати светски модели!

Еве зошто моделите секогаш изгледаат беспрекорно...

Ако никогаш не сте имале прилика да ги видите познатите модели одблиску, верувајте ни: речиси секоја од нив има беспрекорна кожа која изгледа како да е фотошопирана…

Сигурно се прашувате како успеваат да направат нивната кожа да изгледа толку совршено, па затоа ние сме тука да ви откриеме – моделите се држат до „светото тројство“: розова вода, Биодерма и кокосово масло.

1. Наместо класично утринско миење на лицето, моделите користат тоник

Ако сте забележале дека вашата кожа е помрсна од вообичаеното и дека ви се појавуваат пукнатини иако се обидувате да го спречите прекумерното производство на себум, вината треба да ја барате само во себеси. Пречестото миење на лицето може да го уништи површинскиот слој на кожата и да ги отстрани нејзините природни масла, што често создава нерамнотежа во кожата. Манекенката Илди препорачува да го чистите лицето со појаки производи навечер, пред спиење, а наутро да користите само тоник кој ќе ја освежи и исчисти кожата. И најдобро од сè, тонерот ќе ја балансира pH вредноста на кожата, така што нема да биде премногу сува и мрсна.

2. Ја одржуваат тежината и избегнуваат консумирање шеќер

Покрај тоа што е одлично за вашето здравје, избегнувањето на шеќер има големи придобивки за вашата кожа. Шеќерот го забрзува стареењето, предизвикува појава на мозолчиња и предвремени брчки. И тоа се случува поради процесот на гликација – шеќерот во крвта формира молекули кои ги уништуваат колагенот и еластинот. Значи, избегнувањето на слатките го спречува предвременото стареење. Јо-јо ефектот по лошите диети многу влијае и на кожата. Кога постојано се дебелеете, а потоа слабеете, кожата се растегнува, што влијае на нејзиниот изглед.

3. Редовно одат на козметичари

Можете да ја залечите вашата кожа и да го спречите ризикот од оштетување со редовно одење кај козметичар, барем еднаш месечно, за третмани за лице. Многу луѓе чекаат да им се случи некоја промена на лицето за да одат кај козметичар, а всушност треба редовно да одат и да спречат такви промени и проблеми со кожата.

4. Понекогаш не користат крема со заштитен фактор

Сигурни сме дека ова ви звучи како тотална глупост, но Пекарова инсистира дека кремата за сончање не е секогаш потребна. „Многу луѓе не разбираат колку овие креми ги затнуваат порите на лицето, особено кога тоа навистина не им е потребно“, вели Илди. Ако знаете дека цел ден ќе го поминете дома или во канцеларија или каде било во затворен простор, каде што нема да бидете изложени на сонце, заборавете на ваквите креми. Ова не само што ќе спречи појава на мозолчиња, туку ќе можете да добивате здрава дневна доза на витамин Д – а сонцето е заслужно за тоа.

5. Нивната кожа е хидрирана

Ова сте го слушнале сто пати и прв пат ќе ви повториме, редовно пијте вода! Клучот за здрава, убава кожа без брчки е водата. Важно е целото тело да ви биде хидрирано, бидејќи на тој начин ќе го одржите вашето здравје, но и убавиот изглед. Обидете се да пиете литар вода на секои 25 килограми од вашата тежина и ќе ги видите промените!

6. Редовно вежбаат

Ако ви требаше уште една причина да се пријавите на час по зумба или фитнес – еве ја! Кога вежбате, крвта и хранливите материи брзаат на површината на кожата и ја стимулираат, правејќи да изгледате младо и здраво.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.