Ако сакате да бидете згодни на 50 години, ЕВЕ како треба да се храните: 3 намирници што засекогаш треба да ги исфрлите од менито

Како да бидете згодни по 50-тата?

Фото: Getty Images

Постојат неколку совети до кои треба да се придржувате ако сакате да бидете згодни во 50-тите години

Со текот на годините, телото почнува да се менува, па кога ќе ја преминат 50. година, многу жени честопати прават грешки со желба да се подмладат. Меѓутоа, треба да се напомене дека секоја жена треба да биде свесна за убавината и силата што ги поседува и да биде горда на своите години.

Кети Фераро, диететичар и асистент на Универзитетот во Калифорнија, вели дека треба да внесуваме помалку калории за да ја намалиме тежината, која се зголемува со текот на годините. Треба да внесуваме 250 калории помалку од вообичаено и да го ограничиме внесувањето јаглехидрати.

Во менито вклучете повеќе зеленчук, овошје и протеини, но зголемете ја и физичката активност.

Од друга страна, постојат намирници што пожелно е да ги исфрлите од исхраната.

На прво место се сувомеснатите производи, бидејќи се солени и полни со адитиви. Следни на „црната листа“ се грицките. Освен тоа, пожелно е да ја ограничите и количината на црвено месо што ја внесувате.

7 грешки во исхраната што можат да предизвикаат силни главоболки и мигрени
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.