За да изгледа олку добро на 51 година, актерот строго се придржува до 1 правило: Многумина мислат дека ОВА не е баш нормално!

Што мислите вие?

Марк Валберг се грижи за своето тело, како и за исхраната. Јаде само здрава храна, а неговиот план за спиење многумина го сметаат за комплетно луд

Марк Валберг има необична навика секој ден да си легнува околу 19.30 часот, а се буди најдоцна околу 4.30 часот за да ги заврши сите свои обврски.

Марк деновиве е на Барбадос и во таа пригода папараците го фотографирале неговото затегнато и мускулесто тело. Со оглед на тоа што Марк ја гази шестата деценија, не можеме а да не му честитаме за неверојатниот изглед.

Марк Валберг е актер кој се грижи за своето тело и тоа ѝ е познато на јавноста. Тој секој ден вежба со тегови, внимава што јаде и како спие. Само благодарение на тие навики тој во 50-тите години има тело како 30-годишен маж во добра форма.

Планот за исхрана на Марк Валберг

Клучот за неговата исхрана се протеините, па актерот најчесто јаде ќофтиња, бургери и многу белки. Личен готвач го следи актерот каде и да оди, па му приготвува специфични оброци.

Кога снима филмови, Марк се буди околу 2.30, а појадува во 3.15, и тоа јачмен, путер од кикирики, боровинки и јајца.

Од 3.40 до 5.15 Марк тренира, по што јаде протеински шејк и три мали плескавици од мисиркино месо без леб.

Околу 7 часот, актерот оди на голф-терен, а се враќа околу 9.30 часот. Во 10.30 го јаде својот трет појадок, кој се состои од пилешко со салата, тврдо варени јајца, маслинки, авокадо, домати и свежа салата. Потоа, работи до 13 часот, а околу 15 часот има ужина, која се состои од пилешко месо на жар. Околу 16 часот го има вториот тренинг, а во 17.30 часот вечера. Вечерата се состои од бакалар или некоја риба и многу динстан спанаќ или зеленчук.

Во 20 часот, Марк оди на спиење.

Како вежба Марк Валберг?

Доминантен е тренингот за сила. По теговите, игра голф што дополнително го релаксира. Речиси секој ден седи во комора со кислород, практикува и криотерапија, која му помага за санирање повреди.

Актерот последниве 14 години секој ден вежба, и тоа два пати дневно.

Има 51 години, четири деца и тело како АПОЛОН: Ја соблече маичката, жените гледаат со отворени усти! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.