Имал само 11 години кога му била откриена ретка болест: Како Лионел Меси го надвладеа ова тешко нарушување?

Животот на познатите

Гледајќи го Лионел Меси во полна сила и во врвот на кариерата, тешко можеме да претпоставиме дека на 11 години му е откриена ретка болест.

Лионел Меси имал само 11 години кога му била дијагностицирана ретка болест под називот „пореметување на хормонот на раст“. Поради таа состојба, телото не растело како би требало во текот на тие години. Меѓутоа, Меси успеал да се избори со оваа болест и стана еден од врвните спортисти на светот.

Денес светот е преплавен со фотографии од Меси како го држи пехарот од Светското првенство во фудбалот – тој во очите на целата планета е победник, а неговиот пат не бил ни малку лесен.

„Ми требаа повеќе од 17 години да дојдам до овој момент на чиста среќа“, рече Меси.

Имено, Меси отсекогаш го сакаше фудбалот и со задоволство го играше, но еден здравствен проблем со години го успоруваше. Меси беше најнизок меѓу своите играчи кои беа на негови години. Медицинските прегледи тогаш открија дека Меси има недостаток на хормонот на раст – ретка здравствена состојба поради која неговото тело одбивало да се развива и да расте.

Оваа состојба може да биде генетска, т.е вродена или подоцна стекната, но никогаш не беше откриен случајот кај Лионел Меси.

Значи, Меси имал само 11 години кога родителите забележале дека има проблем со растот. На 12-годишна возраст, секоја вечер му ги вбризгувал хормоните за раст во ногата. Меѓутоа, цената на лечењето била превисока, а неговото семејство не можела да си го дозволи тоа на синот. Во тоа време ФК Барселона излегува во помош на семејството Меси така што го спонзорирале лечењето на идниот шампион.

Кога наполнил 17 години, Лионел Меси го покажа целиот свој талент, а челниците на ФК Барселона знаеја дека вложиле во иднината.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.