Топ 5 фитнес-тајни на Хајди Клум

Кои се нејзините навики?

Хајди Клум го прослави својот 47-ти роденден на 1 јуни. Таа е убава, зрела жена и мајка на четири деца, а нејзината фигура нè остава без зборови. Германскиот топ модел докажува со свој пример дека со правилна исхрана и редовна физичка активност, можете да одржувате младост и добра фигура за многу години.

Ова се главните тајни на кои се должи нејзината фигура:

Тренинг

Хајди спортува четири пати неделно, по советите на нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш. Нејзиниот тренинг вклучува трчање, пливање, возење велосипед, тренинг на сила главно на отворено – по природа.

„Повеќето жени претпочитаат да се подготват за летната сезона на плажа. За мене сезоната не е важна. Јас спортувам во текот на целата година, затоа што е важно за мене да бидам во добра физичка форма во секое време од годината”, вели супермоделот.

https://www.instagram.com/p/BvwpBeAjaiC/?utm_source=ig_embed

Исхрана

Хајди се обидува да јаде што е можно поздраво, но сепак си дозволува на себеси да направи пауза од бескрајната трка за совршени стомачни мускули и малку да се опушти. Супермоделот следи диета што ја практикуваат многу познати личности како Кејт Мос. Суштината на диетата е дека 80% од диетата се состои од ултра здрава храна, додека преостанатите 20% е посветена на омилената и не толку здравата храна. „Јадам прилично здрава храна. Јас секое утро правам кашест сок од било какво овошје и моркови“, вели Хајди.

https://www.instagram.com/p/chSsCZD1Vq/?utm_source=ig_embed

Хидратација

Супермоделот посветува големо внимание на режимот на хидратација. Хајди пие неколку литри вода на ден, што помага да ги отстрани токсините од нејзиното тело. Исто така, водата помага во подобрување на метаболизмот, губење на тежината, одржување на тонусот на телото и сјајот на кожата.

Елиминира брашно

За да ја задржи својата тежина на вистинско ниво, Хајди Клум целосно ги елиминираше производите од брашно од нејзината диета: леб, тестенини, пецива и пити. Наместо тоа, јаде протеини, свежо овошје и органски зеленчук за да ја одржи енергијата.

https://www.instagram.com/p/BGDYhsID1cI/?utm_source=ig_embed

Хидратација на кожата

Еден од најважните фактори што многу девојки го запоставуваат е хидратација на кожата. Хајди има неколку омилени производи за одржување на тонот на кожата и затегнатоста. Некои од нејзините фаворити се хидратантното млеко „Mario Badescu’s Buttermilk Moisturizer”, спреј и хидратантно млеко за потемнување на кожата „Sally Hansen’s Airbrush Legs Makeup”. Хајди признава дека го користи овој производ секој пат кога носи мини здолниште или фустан.

Прочитајте и: Џенифер Лопез пред и по напорниот тренинг (ФОТО)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.