Покрај Кегелови, пробајте и хипопресивни вежби за мускулите на дното на карлицата, а еве зошто! (ВИДЕО)

Хипопресивните вежби не само што ги зајакнуваат мускулите на дното на карлицата туку согоруваат и калории. Еве за што станува збор…

Сите сме слушнале за Кегеловите вежби кои ги зајакнуваат карличните мускули и ги поддржуваат уретрата, мочниот меур, матката и ректумот. Сепак, тие не се единствените кои можат да ни помогнат да ги зајакнеме мускулите на дното на карлицата.

Хипопресивни вежби Абдоминалните хипопресивни вежби се низа вежби и техники на дишење кои кога се прават правилно и под надзор на стручно лице помагаат за зајакнување на мускулите на карличното дно, стомакот, но и за согорување на калориите.

Тие вклучуваат зголемен притисок врз абдоминалната, градната и карличната празнина. Се препорачуваат за жени по породување заради зајакнување на стомачните мускули. Во договор со докторот, тие можат да се направат и по некои хируршки зафати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisioterapia Mujer UAH (@fpsm_uah)

Придобивки:

зајакнување на абдоменот
подобро држење на телото
намалување на стресот
зајакнување на мускулите на карличниот под
побрзо закрепнување по породувањето
спречување на уринарна инконтиненција

Овие вежби вклучуваат одредени положби проследени со строга техника на дишење, така што стомакот работи „во соработка“ со дијафрагмата.

Вежбањето се препорачува и за луѓе кои имаат респираторни и васкуларни здравствени проблеми. НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА за трудници.

Ако пациентот закрепнува од операција, треба да се консултира со лекар или физиотерапевт пред да почне да вежба.

Како изгледаат овие вежби за почетници, погледнете во продолжение.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.