Откријте зошто не е добро да правите склекови на колена

Правите повеќе штета отколку добро

Ако не можете да направите вистински склек, едноставно решение е да клекнете. Сепак, ова е нешто што тренерите не го сметаат за добра идеја.

„Никогаш не препорачувам да правите склекови на колена. Верувам дека тоа прави повеќе штета отколку добро“, вели тренерот Чарли Аткинс, основач на „Le Sweat TV”.

Имено, таа верува дека вршењето таква основна вежба не помага во зајакнување на потребните деловите од телото за напредок.

„Склекот не е само вежба за горнииот дел од телото. За да направите склек, треба да имате доволно сила во рацете за да го кренете телото од земја, но исто така ви треба и јачината на половината за поддршка на долниот дел од телото и колковите. Стабилноста на колковите зависи од јачината на кортексот и глутеусот. Ако не ги вклучите сите овие делови од телото, ризикувате повреда на рамото и долниот дел од телото“, објасни Аткинс.

Постојат неколку едноставни чекори што може да ги преземете за да извршите склек. Прво, Аткинс вели да ја совладате „штицата” (plank) на подлактиците и рацете. Вака го тренирате вашето тело да се справи со сопствената тежина.

„Наместо да се спуштите на колена, потпирајте ги рацете на клупа или стол. Кога ќе успеете да направите 10-12 склекови на ѕидот, потоа преминете на шкафот, потоа на каучот или масата за кафе и на крајот ќе бидете подготвени да ги изведувате на подот“, додава таа.

Прочитајте и: Најголемите физички и психички придобивки што ќе ги иксусите по вежбање јога

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.