Неколку трикови за зголемување на согорувањето на калории додека пешачите

Докажано е дека може да се ослабне со одење.

Многумина од нас ги сметаат различните фитнес програми за тешки, но за среќа можеме да изгубиме телесна тежина без потење со часови во салата благодарение на дневните прошетки.

Постојат 5 генијални трикови за зголемување на согорувањето на калории за време на одењето.

Паркирајте малку подалеку

Дури и ако возите автомобил и одите насекаде со автомобил, можете сепак да го зголемите бројот на чекори, со тоа што ќе се паркирате малку подалеку од вашиот дом и ќе прошетате до дома. Во случај да не го возите автомобилот, излезете неколку станици порано од транспортот.

Дојдете порано

Договоривте средба со пријател/ка? Наместо да дојдете на време, пристигнете малку порано. На овој начин можете да прошетате до блиските продавници и да направите уште неколку чекори.

Одете по скали

Не треба да се потпирате на лифтот, туку поставете си цел и одете по скали. Одењето нагоре и надолу по скалите помага да се тонираат нозете и да се затегне глутеусот. Тоа е одличен начин да согорувате калории. А човек кој има 70 килограми, согорува 9 калории во текот на една минута при качување по скали.

Направете пауза

Наместо да седите на работа цело време, станете од масата и одете во прошетка одвреме навреме. Неколку мали прошетки за време на работното време ќе ве натераат да направите повеќе чекори. Физичката активност го стимулира производството на ендорфин во мозокот, ова може да ви помогне да се чувствувате посреќни.

Шетајте и зборувајте

Многумина од нас уживаат да лежат додека зборат на телефон. Наместо да седнете и да не се движите, шетајте додека зборувате. Поставете си за цел да одите се додека личноста со која зборувате не го прекине разговорот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.