Истегнување – да или не? И како се прави правилно?

Висењето на вратило е можеби една од најпристапните и најпопуларни вежби за здравјето на ‘рбетот.

Дури и протрузиите и херниите на интервертебралните дискови не се причина да се откажеме од истегнување, тврдат експертите. Како се прави правилно?

* Гредата за истегнување не треба да биде висока (вашите стапала нека го допираат подот). Можете да висите онолку колку што ви држат рацете. Ако скокнете од неа а имате протрузии – тоа е опасно: може да предизвика грчеви и поместување на пршлените.

* Во случај на остеохондроза на лумбалниот предел, за време на истегнувањето колената треба да се повлекуваат кон градите (барем кон стомакот). На овој начин, мускулите се вклучуваат во работата, а лигаментите ќе бидат под заштита на мускулните контракции и нема да бидат повредени.

* Доколку имате проблеми во вратот и градите, кога висите на гредата треба да гледате право, не вртејќи ја главата.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.