Како да ја совладате масажата на лицето? Вака!

А еве и зошто!

Многумина од нас со текот на годините забележуваат дека кожата околу линијата на брадата ја губи својата цврстина и станува полабава. И во овој случај масажата на лицето може да помогне и да го намали проблемот.

Ви донесуваме и протоколи од книгата The Glow Plan за да ви помогнеме да се фокусирате на областите што најмногу заслужуваат внимание!

Подбрадок
Дупла брада е многу чест феномен кој се јавува кога се формираат масни наслаги под брадата. Често се поврзува со дебелината, меѓутоа – генетиката или опуштената кожа која се јавува поради стареење исто така може да бидат причина. Нема да се ослободите од маснотиите со масажа на лицето, но можете да ја зацврстите кожата и да се ослободите од вишокот течности.

1. Јога за лице: раширете ги прстите и ставете ги на клучната коска. Држете ја кожата со врвовите на прстите додека го насочувате погледот нагоре чувствувајќи како кожата ви се растега. Отворете ја и затворете ја устата петпати. Потоа, кренете го јазикот до непцето, истовремено обидувајќи се да ги испрчите усните (цело време главата треба да биде зафрлена наназад и погледот насочен нагоре). Повторете го целиот процес 10 пати.

2. Употреба на зглобот на показалецот и палецот: почнете од коската на вилицата, под брадата. Фатете ја кожата и нежно завртете ја, повторувајќи го движењето и движејќи се по вилицата кон увото. Лизнете со сите прсти низ вратот, па повторете од другата страна.

3. Ситно: правете ситни движења на штипкање по целата област под брадата. Започнете од средината и продолжете нанадвор.

4. Употреба на двете тупаници: ставете ги тупаниците под брадата и турнете ги нагоре. Отворете ја и затворете ја устата користејќи ги тупаниците за отпор.

5. Зафрлена глава: погледнете горе. Ставете ги палците под брадата и лизгајте ги нанадвор. Подигнете го врвот на јазикот да го допре непцето. Повторете.

Линија на вилицата

Многумина од нас забележуваат дека со текот на годините кожата околу линијата на брадата ја губи својата цврстина и станува полабава. И во овој случај масажата на лицето може да помогне и да го намали проблемот

1. Лизгање со зглобовите на прстите: користете ги зглобовите на показалецот и средните прсти за да ги лизнете по вилицата, од брадата до ушите.

2. Притисок со палците: држете ја брадата со едната рака и поминете со другиот палец преку коската на вилицата.

3. Стиснете: со едната рака држете ја кожата на брадата и вратот, а со другата штипнете ја (нежно) кожата по линијата на вилицата.

4. Придржете: со едната рака држете го вратот, а другата ставете ја на коската на вилицата. Подигнете ја кожата со дланката и држете ја.

Очи
Вашите движења во оваа област може да бидат релативно цврсти, но не премногу! Важно е да бидат кратки и контролирани. Ако кожата се збрчка додека ги правите, тоа е во ред, но не ја истегнувајте!

1. Склекови за капаците: ставете ги прстите на затворените очни капаци за да создадете нежен отпор. Со затворени очи, „погледнете“ петпати нагоре и надолу.

2. Со масло за лице: со два прста заокружете околу очите. Започнете од надворешниот агол на окото, движејќи ги прстите кон внатрешниот агол, а потоа движете се нагоре по лакот на веѓата.

3. Обратен круг: повторете ја втората вежба, но во спротивна насока.

4. За брчките од смеење: со едната рака затегнете ја кожата околу брчките од смеење, а со другата рака лизгајте нагоре над оваа област.

Текст: Јасмина Убипарип за „Убавина и здравје“

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.