Има 59 години и тело како на 20-годишна девојка: Деми Мур строго се придржува до овие правила!

Исхраната на познатата актерка

Деми Мур (59) споделила низа фотографии на Инстаграм што настанале како дел од кампањата на брендот AndieSwim

Деми Мур позирала во различни модели на костими за капење, а комплиментите не изостанале:

„Изгледаш одлично“, „Мојата вечна муза“, „Прекрасна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie (@andieswim)


И на фотографиите од секојдневниот живот, ѕвездата на филмовите „Дух“ и „Непристојна понуда“, исто така изгледа феноменално, па нè интересираше до кои здрави навики се придржува.

Во својата автобиографија од 2019 година Inside Out, открила дека била опседната со тежината, особено кога се подготвувала за филмот „Неколку добри луѓе“.

„Моја работа беше да се вклопам во таа воена униформа што ќе ја носам два месеца. Не можев да престанам да вежбам… Постојано размислував за моето тело. Ги исфрлив јаглехидратите, трчав, возев велосипед… Но кога се подготвував за улогата во ‘Спасувајќи го војникот Рајан’, ми беше јасно дека ја достигнав мојата граница. Кога се вратив во домот во Ајдахо, сфатив дека мора да бидам своја, се откажав од напорното вежбање и почнав да го сакам своето тело.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie (@andieswim)


Сепак, Деми не се откажала целосно од вежбањето, но фокусот ѝ е да биде во форма, а не да ослаби. Нејзиниот тренер Грегори Роше рекол дека вежбањето го насочува на стомакот и рацете.

Што се однесува до исхраната, актерката била јасна:

„Нема гладување, сè се сведува на тоа да го слушате телото. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе почувствувам ситост.“

Нема точно дефинирано мени и намирници, но многу е важно оброците да се состојат од поголемо количество на протеини и помало количество на јаглехидрати.

Во продолжение прочитајте до кои правила се придржува актерката:

  • Исфрлете ја брзата храна, благото и газираните сокови
  • Сведете го на минимум внесувањето кофеин
  • Пред секое јадење испијте чаша вода
  • Гответе ја храната, не јадете готови оброци. Така ќе внесете помалку адитиви
  • Јадете повеќе овошје, зеленчук и јаткасти плодови
  • Намалете го алкохолот, но немојте целосно да го исфрлате
  • Јадете мали порции месо и јаглехидрати. Дајте му предност на зеленчукот и на протеините
  • Намалете го количеството на сол, бидејќи тоа предизвикува подуеност
  • Одбегнувајте лоши маснотии, како преработено масло и путер
  • Засладувачите се строго забранети. Иако имаат малку калории, тие можат сериозно да им наштетат на органите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.