Диетата на Новак Ѓоковиќ не може да ја издржи секој: ЕВЕ од каде доаѓа енергијата на најдобриот тенисер!

Тајната на шампионот

Новак Ѓоковиќ штотуку го освои својот дваесет и први слем, триумфирајќи на Вимблдон, најпрестижниот турнир во спортот. Но, која е тајната на српскиот тенисер?

Новак Ѓоковиќ никогаш не го криел опсесивното внимание на благосостојбата и здравјето. Особено откако ја откри целијачната болест и мораше да го елиминира глутенот од оброците.

Неколку години подоцна решил да се откаже и од месото, кое претходно го конзумирал три пати на ден. Всушност, Ноле следи растителна исхрана и не јаде млечни производи, рафинирани шеќери и хранакоја тешко се вариво организмот.

Неговите оброци вклучуваат: Мешунки, зеленчук, јаткасти плодови и здрави масти. Заморен режим за љубителите на добрата храна но-кој, како што изјави пред извесно време бил пресуден за бројните победи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Со исхраната ги елиминирав токсините и повеќе сум свесен за моето тело на терен – рече тој -. Кога играте три, четири или пет часа последователно, ви треба вистинско гориво, а за мене вистинското гориво е растително“.

Но тешко тоа да се нарече диета. Шампионот, кој едно време беше критикуван за неговата „зелена одлука“ – како и неодамна за неговиот став да не се вакцинира- го дефинираше својот вистински начин на живот „Би сакал да ги инспирирам другите спортисти и да ги натерам да ги разберат придобивките од овој избор“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.