Еве зошто мора да ја остраните ШМИНКАТА ПРЕД ТРЕНИНГ!
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.
Општо е познато дека припадничките на поубавиот пол ретко кога излегуваат во јавност потполно без шминка. Иако сме свесни за својата убавина, сепак посакуваме кога излегуваме од својот дом да ги истакнеме своите атрибути и да ги сокриеме ситните недостатоци. Тоа е апсолутно прифатливо, меѓутоа какава е ситуацијата кога е во прашање заминување на тренинг?
Факт дека во време кога друштвените мрежи доминираат совршените фотографии од сите сфери на животот па дури и оние од летувањата кога дамите од вода излегуваат со фул шминка, да се остане доследен на самиот себе не е воопшто едноставно. Шминката е присутна на базените, во теретаните на зумба часовите и пилатес. Речиси е невозможно на тренинг да сретнеш девојка во сосема природно издание.
Занимавајќи се со оваа тематика сакаме што побрзо да истакнеме поради што е штетно по здравјето на современите жени да бидат нашминкани додека се занимаваат со спорт. Имено работата е многу едноставна. Додека вежбате доаѓа до потење односно до исфрање на вода од телото. Со потењето водат и токсините го напуштаат нашето тело, а доколку сте нашминкани го онеспособувате овој процес. Неопходно е водата и токсините да го напуштат нашето тело.
Друга лоша работа доколку имате шминка на лицето додека вежбате е опасноста од неа да продре во вашите пори и да дојде до нивно запушување. Козметиката која ни служи за шминкање е креирана така да не се упива на кожата, како што е случај со кремите за лице. Меѓутоа со зголемување на нашата топлина која се појавува за време на вежбањето, кожата на нашето тело се однесува како жеден сунѓер и впива се што ќе му дојде при рака. Токму тоа е дел од причините што се поголем број млади девојки имаат проблеми со бубулици и разни воспаленија на лицето.
Трета и веројатно најстрашна за сите оние дами кои сакат да имааат младолико леце е таа што при нанесување на пудрата на лицето за време на тренинг, неминовно влијааете на проширување на порите. Шерењето на порите е процес без враќање, освен ако не сте подготвени скапо да платите за да го вратите младоликиот изглед.
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.