Еве кои предмети од домот можете да ги претворите во реквизити за тренинг

За подобар домашен тренинг

Многумина решија да го искористат времето што го поминуваат дома за да се свртат кон себе, своето ментално и физичко здравје.

Но, за многу од нас кои пред ова не практикуваа домашен тренинг, пандемијата не ни даде доволно време за да ја набавиме соодветната опрема. Еве кои предмети од домот можете да ги користите како алтернатива:

Скали

Скалите можат да бидат корисни за кардио тренинг. Можете да проверите колку пати можете да се искачите и да се симнете за една минута. Можете да вежбате исчекори и склекови.

Столчиња

Ова е парче мебел што има бесконечни можности за вежбање. Исчекори, чучњеви, подигнување на нозете… Бидете имагинативни.

Храна

Може да користите шишиња со вода или лименки како тегови. Вреќа со компири може да стане додаток за вежби со сила.

Книги

Сигурно имате агол полн со книги во вашиот дом. Тие се корисни за некои варијации на стомачни и чучњеви, а исто така можете да наполните ранец и да вежбате со товар, што ќе ве направи дополнително испотени.

Прочитајте и: 3 знаци дека сте претерале со вежбањето и ви треба одмор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.