Ако сакате видливи мускули, тогаш овие вежби се најбезбеден избор

За најдобри резултати

Фото: Getty Images

Многумина сонуваат за „плочки”, особено во пресрет на летото. Добро е позната изреката дека тие се прават во кујната, односно е многу важно да се внимава на диетата за рамен стомак, но редовното вежбање е исто така одговорно за дел од работата.

Во морето од стомачни вежби, тешко е да се одлучи кои да се практикуваат, но тренерот Герен Лилс смета дека некои се поефикасни од другите. Ова е список на вежби за кои тврди дека ќе ја активираат вашата половина и ќе ви обезбедат видливи стомачни мускули со кои ќе можете гордо да шетате по плажа.

Штица

Класична штица е првиот избор на овој тренер.

„Прво, тоа е вежба која може да ја извршат и деца и постари лица. Второ, штицата ве става во позиција што ги таргетира и глутеусот и квадрицепсот и е лесно да се модифицира“, вели Лилс.

Планинари

Оваа вежба ќе ја запали вашата половина.

„Овозможува доза на кардио тренинг, има кардиоваскуларни придобивки и работи на стабилизирање, додека се гради абдоменот“.

Полустомачни вежби

Ова е класична и докажана добра вежба за абдоменот.

„Постојат многу варијации на стомачни вежби кои можат да ја зачинат оваа вежба. Меѓу другото, ова се полустомачни. Единствениот недостаток е тоа што многумина не ги извршуваат правилно и прават грешки со положбата на вратот и долниот дел на грбот“, предупредува тој.

Dumbbell woodchops

Можеби не сте чуле за оваа вежба, но таа е многу ефикасна за половината.

„Може да се вклучи во активности како што се голф или бејзбол, а одлично го обликува стомакот“, истакнува Лилс.

Подигнување на нозете

Кога оваа вежба се изведува правилно, тоа е одлична форма на тренинг за абдоминална отпорност.

„Позицијата е исто така клучна. Треба да се внимава на долниот дел на грбот, во спротивно може да се повредите“.

Стомачни

Ова е најчесто изведена вежба за видливите стомачни мускули што скоро секој знае како да ја прави и гарантира извајан стомак.

Прочитајте и: Најдобрите вежби за половината и за горниот дел на грбот: Ослободете се од болките еднаш засекогаш! (ВИДЕО)

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.