5 работи што не треба да ги правите пред тренинг

Фитнес совети

Без оглед на времето од денот кога вежбате, колку време трае или колку е интензивен, вашиот тренинг зависи од тоа што правите пред и после него.

За максимална изведба, прочитајте го текстот и проверете дали постапувате правилно.

Не јадете многу пред тренинг

Малите закуски половина час пред тренингот не се штетни. Ако сакате да тренирате наутро, тогаш мал, но внимателно избран појадок ќе помогне да го стимулира вашиот метаболизам и ќе ви ја даде потребната енергија. Малку овошје со грчки јогурт или парче интегрален леб со мед е дефинитивно добра идеја.

Водете сметка за влакната во храната. Тие ве држат сити подолго, но исто така им треба подолго време за да се разградат во стомакот. Доколку јадете со доста течности ќе го стимулирате дигестивниот тракт, што не е препорачливо пред тренинг.

Не започнувајте ако немате цел

Пред тренингот размислете за тоа што навистина сакате да го постигнете со вежбањето или во текот на денот. Направете план за тренинг и придржувајте се кон него. Ќе ви биде полесно да започнете со тренингот ако имате план на вежби кои треба и сакате да ги направите. Значи, ако имате јасна цел ќе вложите повеќе енергија во вежбањето и нема да се занимавате со вежби кои не ви се од корист.

Ако немате план, почнете со вежби за истегнување на мускулите. Подгответе го телото за да се чувствува силно и спремно за физички предизвик.

 

Прочитајте и: Што да вежбам? Пронајдете ја вашата идеална фитнес-рутина!

 

Статичното истегнување оставете го за крајот на тренингот

Не е тајна дека многу луѓе забораваат на истегнувањето пред и/или после вежбањето, а оние што се сеќаваат да го прават тоа понекогаш го прескокнуваат сакајќи да го завршат вежбањето што е можно поскоро. Истегнување може многу да придонесе за обновување на мускулите после тренингот.

Какво истегнување е најдобро и кога:

  • Статично истегнување е најделотворно после вежбањето кога мускулите започнуваат да се стегаат. Нивното истегнување ги прави пофлексибилни
  • Пред тренингот треба да ги загреете мускулите и тетивите со динамично истегнување. Целта на динамичното истегнување е да го активира сврзното ткиво и го подготвува телото и мускулите за вежбање

Не конзумирајте алкохол

Минимална количина на алкохол е потребна за да се намали контролата која личноста ја има над телото. Тој влијае на координацијата и концентрацијата, нема да може правилно да ги правите вежбите или погрешно ќе го процените интензитетот. Ако тоа се случи, последиците ќе ги почувствувате следниот ден кога мускулите ќе ви бидат воспалени.

Немојте да пиете премногу вода

Иако е добро да пиете вода, најважно е здраво да го одржувате вашето тело хидрирано, а тоа не треба да се прави пред тренинг. Пијте вода, но не во големи количини пред тренинг. Наместо тоа, пијте мала количина вода додека вежбате. Премногу вода може да ви го наполни стомакот и да создаде грчеви или гадење.

Кога не сте подготвени за тренинг, слободно пиете едно еспресо бидејќи кафето има позитивен ефект врз организмот, кофеинот го стимулира нервниот систем и невротрансмитерите.

Фитнес-предизвик: подобра јас! 30 дена до фит-фигура

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.